Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните го ставаат пристапувањето кон ЕУ на прво место, над 60 отсто поддржуваат пристапување кон Унијата, а опаѓа влијанието на САД

0
By Marija Todorovska on February 18, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2025 09:33

Поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија во 2024 врз основа на анкета од октомври до декември минатата година.

 „Социетас Цивилис“,  „Конрад Аденауер“

Резултатите покажуваат дека ЕУ е восприемена како најголем економски партнер, донатор и сојузник на земјава, расте и перцепцијата на граѓаните дека ЕУ има значајно влијание како надворешен фактор. Прашани за приоритетите во надворешната политика, граѓаните го ставиле пристапувањето кон ЕУ како прв приоритет којшто би сакале да го видат од Владата.

Пред презентацијата на наодите од истражувањето, Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, соопшти дека кај младите  е констатирано „отвореност за позитивни ставови кон Кина“, а кај највозрасните – за Русија.

Оваа година констатираме дека поддршката се задржува на 62 процента. Оној постојан благ пад што го нотираме веќе цела декада некако застанува, што не значи дека во една поширока слика нема да продолжи. Меѓутоа, можеме да констатираме дека мнозинството граѓани сепак ја поддржува Унијата и таа останува најпосакуван партнер. Она што е интересно е дека највоздржани во однос на поддршка на Европската Унија се најмладите и највозрасните испитаници, кај нив гледаме поголема неопределеност, неодлучност и отвореност за позитивни ставови кон Кина, кај младите, и Русија, кај највозрасната генерација. Тоа не е презначаен процент, но, сепак, вреди да се констатира дека постои, изјави Трошановски.

Појасни дека и кај младите приоритет останува пристапувањето кон Унијата, само што процентот на соработка со Кина и Русија „е малку поголем во однос на другите возрасни категории“. Тоа не значи, рече тој, дека постои „свртување кон Кина“ затоа што прашање за Кина првпат било поставено во годинашната анкета и нема, рече, некои споредливи трендови како било претходно и нема длабинска анализа за причините.

Во однос на наодите за ставот на политичките партии кон ервоинтеграцискиот процес, кај партиите од албанскиот блок, без исклучок, и кај поддржувачите на СДСМ, рече Трошановски, „има високо, речиси консензуално ниво на поддршка кон ЕУ“.

Во годинашната анкета е забележано зголемување на поддршката на ЕУ кај поддржувачите на Владата односно на ВМРО-ДПМНЕ, што, рече Трошановски,  е исто така значаен факт.

Тоа што е видливо кај ВМРО-ДПМНЕ е што има значителен пораст на поддржувачи на ЕУ, иако тоа е на ниво од нешто повеќе од половина од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Другите се неутрални или можеби бараат други алтернативи и слично, додаде претседателот на ИДСЦС.

 

Во однос на етничката припадност, албанските сограѓани, како што рече, „се многу повеќе односно целосно стојат зад поддршка на ЕУ“, додека „кај македонската популација тој број е нешто повеќе од половина“.

Во врска со значителниот пад од 20 отсто во споредба со лани, на перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави, тој смета дека е „репозиционирање и на јавноста визави глобалните текови каде што тенденцијата е  САД полека да го напуштаат регионот и се селат на други геополитички фронтови“.

Прашан какви се очекувањата за перцепцијата во иднина, со оглед дека ова истражување е направено пред промената на власта во САД, тој одговори дека таа перцепција „уште повеќе ќе се зголемува за намалено влијание или интерес на САД“ со оглед на „новата доктрина на американската надворешна политика која ги напушта Балканот, Европа, и ги остава сами на себе во голем дел“.

Наш стратешки приоритет, секако, треба да остане Европската Унија, притоа негувајќи најдобри можни односи со САД и тука треба да постигнеме баланс. Но, притоа мора да имаме многу проактивен пристап како држава барајќи модалитети коишто ќе го отклучат процесот на проширување базиран на пообјективни принципи кои не бараат промена на Преговарачката рамка. Напротив, бараат утврдување на стандарди од страна на Европската Унија и за понатамошните преговарачки фази, не само во случајот за Македонија туку и за другите кандидати, изјави Трошановски пред презентацијата на наодите од анкетата.

Даниел Браун, директор на  Канцеларија на Фондација „Конрад Аденауер“ во Скопје, со која ИДСЦС го спроведе истражувањето, изјави дека наодите што ги добиваат со анкетите секоја година се менуваат.

Оваа година бројките што ќе ги презентираме не се разликуваат многу од претходната година, но со оглед на претходните анализи од десетина години наназад, има одредени промени во однос на ставот, пред се кај младите, за тоа каде оваа земја припаѓа во Европската Унија. Ги знаеме кои се тие промени, зошто се случуваат, најчесто се тука младите, изјави Браун.

Според него, презентацијата на наодите е во вистинско време и во контекст на тековната безбедносна конференција во Минхен и, пред се, рече, во однос на трансатлантските партнерства „кои сега се повторно под знак прашање’.

Но, сепак, Европа треба да си ги знае своите силни страни, но и своите ограничувања. Политиката на проширување нормално дека ќе биде отежната поради околностите што се случуваат, но, сепак, одговорноста на ЕУ е да застане  на маса, како што тоа го прават САД и Русија во моментот кога се прават преговори за Украина, додаде директорот на  Канцеларија на Фондација „Конрад Аденауер“ во Скопје.

„Социетас Цивилис“ ЕУ истражување Кина Конрад Аденауер надворешна политика Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.