Author: Marija Todorovska
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.
Израелската армија денеска влезе во густо населената населба Шеик Радван, во градот Газа, а војниците и тенковите сега се на само неколку километри од центарот на градот, и покрај меѓународните повици за запирање на офанзивата, јавуваат британските медиуми.
Лондон: Илјадници фалсификувани кукли Лабубу се запленети од продавници низ Велика Британија, поради предупредувања за нивна небезбедност.
Откако Милорад Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи на БиХ за враќање на дипломатскиот пасош, неговата патната исправа денеска е автоматски поништена.
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.
Брисел: ЕУ одобри средства во износ од еден милион евра за хуманитарно финансирање на најитните потреби на населението засегнато од силниот земјотрес што во неделата го погоди североисточниот дел на Авганистан.
Вашингтон: Владата на САД денеска претрпе неуспех во случајот за монопол врз интернет-пребарувањето против Гугл, откако федерален судија ги одби барањата технолошкиот гигант да биде принуден да се откаже од својот интернет-пребарувач Хром (Chrome) и мобилниот оперативен систем Андроид.
Израелски дронови исфрлиле четири гранати во близина на мировници на Обединетите нации, додека тие расчистувале блокади на патиштата што го попречувале пристапот до нивна позиција во јужен Либан, соопштија Времените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).
OpenAI објави планови за воведување родителска контрола за ChatGPT, во услови на растечка контроверзност околу тоа како вештачката интелигенција влијае на менталното здравје на младите луѓе, пишува AlJazeera.
Бранко Тричковски: Најновите податоци на Евробарометар покажуваат дека 48 отсто од граѓаните на Европската унија го поддржуваат членството на Северна Македонија во Унијата, додека 40 отсто се против. Тоа значи дека со оваа темпо на освињување на надворешната и внатрешнага политика којзнае кога ќе стигнеме макар до над педесет отсто од граѓаните на ЕУ да бидат против влезот на РСМ. Мицко и комедијантите од таканаречената влада направија многу, но очигледно дека ќе мораат час поскоро да ги раскинат Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Охридскиот рамковен договор за да им покажат на Европјаните дека Северна Македонија заслужува повеќе од овие,…
Во време на геополитичка неизвесност, 68 отсто од жителите на ЕУ сметаат дека Унијата треба да игра поголема улога во заштитата на своите граѓани од глобални кризи и безбедносни ризици, 90 проценти сакаат поголемо единство меѓу земјите членки, а 77 отсто се на ставот дека на блокот му се потребни дополнителни средства во справувањето со актуелните предизвици.
СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување. Претседателот на партијата, Венко Филипче, во објава на Фејсбук истакна дека има јасна постапка по која Агенцијата за национална безбедност (АНБ) може да ги обелодени сите информации и документи, со што случајот ќе биде достапен на јавноста за да се утврди „дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност“.
