Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства

0
By Marija Todorovska on September 3, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 3, 2025 12:39

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.

Обвинителот Александар Марковски тврдеше дека Јованов, преку родителска попустливост, придонел за создавање на опасната состојба.

 Во случајот станува збор за еден ноторен факт – татковата љубов спрема синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост на родителот кон синот кој што се оддал и на пороци, рече тој.

Обвинителот посочи дека обвинителството ќе докаже дека таткото бил тој кој придонел да се генерира опасната состојба од страна на неговиот син, обвинетиот Васил Јованов.

Факт е дека обвинетиот не доаѓал претходно во судир со законот и е офицер за пример во македонската Армија, но, тука не сме за да ја цениме и судиме неговата професионалност, туку тоа што тој требало да го направи, или не требало, како родител, дополни обвинителот.

Адвокатот Сашко Дуковски, застапник на Јованов, го оцени обвинението како правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој поднесен доказ.

Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејствија кои ги сторил неговиот полнолетен син, рече Дуковски, кој посочи дека ќе бара детално образложение за правната релевантност на секој поднесен доказ.

На почетокот на денешното рочиште, таткото на Фросина Кулаков, Тодор Кулаков, упати прашања кон судечкиот совет, барајќи од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот.

Редно е да се иземете од овој предмет, ова е наместено, рече Кулаков, по што беше отстранет од судницата.

Адвокатот Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место.

Васил Јованов зоран јованов судење Фросина Кулакова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.