Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евробарометар: Европејците сакаат повеќе единство, безбедност и економска стабилност

0
By Marija Todorovska on September 3, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 3, 2025 10:45

Во време на геополитичка неизвесност, 68 отсто од жителите на ЕУ сметаат дека Унијата треба да игра поголема улога во заштитата на своите граѓани од глобални кризи и безбедносни ризици, 90 проценти сакаат поголемо единство меѓу земјите членки, а 77 отсто се на ставот дека на блокот му се потребни дополнителни средства во справувањето со актуелните предизвици.

Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар на Европскиот парламент за очекувањата на очекувања на граѓаните на земјите членки на ЕУ од Унијата и нејзината буџетска рамка за по 2027 година објавени денеска.

 Анкетата покажува дека во еден се понепредвидлив свет, Европската Унија се појавува како место на стабилност во очите на граѓаните. Поддршката на членството во Унијата достигна највисоки нивоа во 2025 година, но постојат и силни очекувања во врска со идната улога на ЕУ, при што граѓаните фокусот го ставаат на безбедноста, одбраната, економијата, мирот и демократијата, се наведува во воведната оценка на истражувањето.

Во текстот се додава дека Европејците повикуваат на поголемо единство меѓу земјите членки и бараат повеќе средства за справување со сегашниот меѓународен контекст.

Додека се дискутира долгорочниот буџет на ЕУ по 2027 година, големо мнозинство од граѓаните бараат транспарентност и демократски надзор врз тоа како ќе се инвестира. Долгорочниот буџет на ЕУ треба да биде доволно флексибилен за да одговори на сегашните и идните предизвици, а воедно да и овозможи на Европската Унија да инвестира во она што е важно, се додава во анализата.

Ако сака да ја зајакне својата позиција во светот и да се справи со актуелниот политички и економски контекст,  според 37 отсто од испитаниците опфатени со анкетата, ЕУ треба да се фокусира на зајакнување на одбраната и безбедноста, а според 32 проценти на конкурентноста, економијата и индустријата.

Главни предизвици со кои треба да се справи ЕУ за 41 отсто Европејци се инфлацијата, растот на цените и зголемувањето на трошоците за живот, за 34 проценти одбраната и безбедноста, а за 31 отсто борбата против сиромаштијата и општествената исклученост.

Речиси четири петтини од анкетираните или 78 отсто сметаат дека повеќето проекти треба да бидат финансирани од ЕУ, а не одделно од земјите членки, додека 85  проценти се согласуваат дека поддршката за државите на Унијата треба да биде условена со почитување на владеењето на правото и демократските принципи.

Дури 72 отсто од граѓаните опфатени со анкетата на Евробарометар сметаат дека ЕУ влијае врз нивниот секојдневен живот, при што за половина од нив или 50 проценти тоа влијание е „позитивно“ , за 31 процент „ниту особено позитивно, ниту негативно“, а 18 отсто го оценуваат како „негативно“.

Речиси три четвртини од Европејците или 73 отсто сметаат дека нивната матична земја имала корист и придобивки од членството во ЕУ.

Како главни придобивки од членството на нивната држава во ЕУ, 37 отсто од анкетираните ги посочиле заштитата на мирот и зајакнувањето на безбедноста, 36 проценти подобрената соработка со останатите членки на Унијата, а за 29 отсто тоа е придонесот кон економскиот раст.

Во врска со резултатите од истражувањето, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, оцени дека тие покажуваат оти граѓаните на ЕУ сакаат Европа да се фокусира на безбедноста и економијата.

Тие од ЕУ бараат стабилност и очекуваат силен и обединет европски глас во денешниот несигурен свет. Нашите приоритети и следниот долгорочен буџет на ЕУ затоа мора да и овозможат на Унијата да се справи со новите геополитички реалности, изјави Мецола.

Според неа, Европскиот парламент ги слуша граѓаните и ќе се заложи да ги насочи париите кон она што им е важно на Европејците.

Анкетата е спроведена во сите 27 земји членки на ЕУ во периодот од 5 до 29 мај 2025 и со неа биле опфатени вкупно 26.410 жители на Унијата. 

Евробарометар Европски парламент ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.