Author: Marija Todorovska
Официјалната новинска агенција Синхуа го нарече собирот во Тјанџин „најголемиот самит на ШОС во историјата“ и рече дека тој ќе го исцрта „планот за следната деценија развој на блокот“.
Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска потврди дека на лицето А.А од Скопје веќе му е продолжен притворот од 30 дена, по што по скратена постапка ќе следи и судење. Закажано е и судското рочиште во штипскиот Основен суд на 18 септември.
Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Како што потврдија од судот, во изречената казна ќе се засмета и времето кое обвинетиот го поминал во притвор.
„Од лозарството живеат над 11.000 семејства во државата, а Владата оваа година грубо ги изневери нивните очекувања“, порача денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција на која го образложи предлог-законот поднесен од СДСМ за финансиска поддршка на лозарите.
Судењето за предметот „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра, продолжува денеска во судницата на КПУ Идризово.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување, Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани, се наведува во изјавата на денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
Според Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), сајбер саботажите и шпионажата трикратно се зголемиле во периодот 2023-2024 година. Клучна улога имаат повеќе групи поврзани со Русија.
– Бројот на работниците во индустријата во лули годинава е намален за 3.8% во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Брисел: По повод Деновите на европското наследство 2025, кои годинава се посветени на архитектурата, денеска илјадници згради и културни установи ширум Европа ќе ги отворат своите врати за посетителите, а ќе бидат организирани и туристички тури, изложби, работилници, претстави и дигитални перформанси.
Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови.
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, реагираше на сериозните обвинувања изнесени од премиерот и актуелниот директор на АНБ за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата, сега премиер, како и на бизнисмени и новинари.
Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан.
