Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешниот директор на АНБ бара декласификација на документи за наводно прислушкување на Мицкоски, бизнисмени и новинари

0
By Marija Todorovska on September 2, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 2, 2025 10:18

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, реагираше на сериозните обвинувања изнесени од премиерот и актуелниот директор на АНБ за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата, сега премиер, како и на бизнисмени и новинари.

Во соопштение до јавноста, поранешниот директор посочи дека на претходен медиумски брифинг во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година, за време на кој и тој ја извршувал функцијата. Тој изјави дека, во периодот од 2019 до 2022 година, тогашниот лидер на опозициската партија не бил предмет на „посебен оперативен интерес“ на Агенцијата, ниту пак бил цел на „организирана оперативна работа“, што, според него, значи дека не биле применувани никакви оперативно-технички мерки против него.

Тој потврди дека во тој период, согласно законските надлежности, АНБ спровела постапка за преиспитување на безбедносни сертификати, вклучително и за еден тогашен и сегашен пратеник поради оддавање класифицирани информации. За случајот, рече дека била поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Повикувајќи се на сериозноста на обвинувањата, тој апелираше до актуелниот директор на АНБ итно да ги декласифицира документите што се однесуваат на наводните злоупотреби, посебно оние поврзани со прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата.

„Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања“, наведува поранешниот директор, додавајќи дека очекува документите да не останат скриени зад ознаката „државна тајна“, особено по неколкуте медиумски објави во кои се споменуваат конкретни имиња на наводни цели на АНБ, како и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници.

АНБ Виктор Димовски декласификација прислушкување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.