Author: Marija Todorovska
Шеснаесет пливачи од шест држави ќе учествуваат на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи утре во водите на Охридското Езеро од Свети Наум до Охридското пристаниште.
Децениите репресија во Србија, и во деведесеттите години и денес, покажаа дека професионалниот кредибилитет и довербата не можат да се создадат преку ноќ. Тие се градат полека, преку доследно известување, почитување на фактите и почитување на етичките стандарди. Довербата, на долг рок, е единствената валута што е важна во новинарството. Лојалноста, видливоста и достапноста можат да се купат, довербата не може.
Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот, рече во изјава за медиумите Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ.
Синоќа заврши 16-тото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28 август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката Данела Арсовска. Иако обвинението го терети за физички и вербален напад, Јамалари пред судот тврди дека не е напаѓач, туку жртва на инцидентот што се случи на 11 јули 2025 година кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава бележи месечно и годишно намалување од 0,12 п.п. (процентни поени) односно 0,55 п.п., и изнесува 4,91 проценти. Кај вкупните депозити, пак, во јули е регистрирана просечна каматна стапка од 2,21 процент со месечен и годишен раст од 0,01 п.п. односно 0,28 п.п., објави денеска Државниот завод за статистика.
Поддршката за Украина и зајакнувањето на нејзината одбранбена индустрија се главните теми на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Бранимир Јовановиќ: Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате. Изгледа ВМРО буквално ја сфатиле, па од петни жили се трудат да покажат дека имаат добри резултати кога се платите и инфлацијата во прашање. Извор: ЦивилМедиа
Состанокот на мексиканскиот Сенат се претвори во насилство откако еден од неговите членови очигледно се разбеснил што не добил можност да зборува.
Вашингтон: Американскиот производител на автомобили „Форд“ повлече речиси 500.000 возила во САД поради проблем со системот за сопирање, соопшти денеска Националната управа за безбедност на сообраќајот (НХТСА).
Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на воена опрема на Украина во вредност од околу 825 милиони долари, а потребната дозвола за оваа одлука е доставена до Конгресот на САД преку Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста –ДСЦА (DSCA).
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатката за градоначалничка на општина Бутел, Оливера Ливринчиќ, се сретнаа во Бутел, каде разговараа за конкретни проекти и решенија со кои општината конечно ќе добие вистинско внимание и современа урбана инфраструктура, се вели во соопштението од СДСМ.
