Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Преку БРТ системот јавниот превоз во Скопје ќе го решиме до средината на 2028 година

0
By Marija Todorovska on August 29, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 29, 2025 12:46

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот, рече во изјава за медиумите Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ.

Таа потсети дека ДПМНЕ и Аросвска ветувале нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај и напомена дека денес  нема нови автобуси, а постојните се „стари, нечисти,  доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто“. Шукова исто така посочи и дека дел од приградските линии се укинати или нередовни. И заклучи дека градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс.

Решавањето на јавниот превоз не смее да доцни ни ден повеќе! Тоа е услов за квалитетн живот на сите кои живеат во Скопје. И на тие што се возат и на тие што не се возат. На сите ни треба помалку метеж,  добро поврзани општини ,пбрз, безбеден и одржлив јавен транспорт, транспорт кој не ги труе граѓаните на Скопје.

Решението за ова постои а јас, заедно со Градот ќе го реализирам! Како Градоначалничка на Скопје, итно ќе започнам со реализација на проектот БРТ, кој ќе обезбеди нова модерна мрежа на урбаниот транспорт во Скопје, преку коридори кои се резервирани само за автобуси. Проектот вклучува и набавка на нови еколошки автобуси и ревитализација на две депоа за автобусите, рече таа.

Шукова посочи дека за ова одамна се обезбедени 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Таа гарантира дека до средината на 2028 година, скопјани, од Ѓорче Петров, преку Центар до Ново Лисиче во Аеродром ќе се возат со првата линија на БРТ системот за само половина час.

БРТ обезбедува линија од 13 км во една насока, со 21 автобуска постројка и 2 терминали, со 29 автобуси, за неверојатен број од 65.000 патници на ден.

Ќе работиме и на втората линија север – југ, но и на  набавка на нови еколошки автобуси за  останатите сообраќајни линии низ Скопје, со што постојните стари и неефикасни автобуси ќе бидат целосно заменети.

БРТ е решението позади кое стојам и кое драстично ќе ја подобри состојбата со автобускиот превоз во Скопје. Ќе почнеме веднаш, за Скопје и скопјани!, посочи Каја Шукова кандидатката за градночалничка на Скопје од СДСМ.

БРТ јавен превоз Каја Шукова СДСМ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.