Author: Marija Todorovska
Студентите на Правниот факултет во Нови Сад влегоа во зградата на Филозофскиот факултет, од каде што утрово деканот Миливој Алановиќ ги избрка. По упадот, на повик на деканот, на факултетот пристигнаа припадници на Интервентната единица и три полициски автомобили.
Сефер Селими: Апсолутно се согласувам дека ДУИ не се албанците, како што манипулираше со потсвеста на македонските граѓани ВМРО ДПМНЕ кога ја обвинуваше ДУИ, а алудираше на Албанците. Но, од каде го црпи правото ВМРО-ДПМНЕ да се повикува на етничките Македонци?! Ниту ДУИ се Албанците, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ се Македонците. Македонците во Северна Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно на она што го нуди оваа влада. Прва лекција на демократијата: Партија и народ не се исто. Извор: Фејсбук
Пред крајот на август и почетокот на есента, кој е еден од економски најтешките периоди за македонските семејства, сакам да се осврнам на клучните економски индикатори за работењето на оваа власт. Во изминатите неколку месеци, се изнаслушавме бројки и фалби од премиерот, кој очигледно мисли дека граѓаните во маркет пазарат со неговите ПР-трикови, а не со платата и приходите кои ги имаат. Една работа треба да ѝ биде јасна на владата – граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и платите. Денес ќе споделам неколку анализи за кои сум сигурен дека се…
Бескомпромисната Тамара Котевска повторно ексклузивно се појави во Variety годинава. Нејзиниот четврти долгометражен документарен филм кој се снима во Сибир е селектиран на престижниот копродукциски маркет на Венеција и оваа година авторката ќе се претстави со два документарни филмови на фестивалот.
Во сабота со почеток во 12 часот, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи авторскиот концерт „СФЕРА“ на композиторката Ана Пандевска, во изведба на пијанистката Дуња Иванова. Настанот претставува уште еден значаен момент во претставувањето на творештвото на Пандевска, чие композиторско перо се одликува со специфична синтеза на пијано и електронски медиум.
Вашингтон: Компанијата „СпејсИкс“ на милијардерот Илон Маск ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет, по два дена одложување.
Суспендирани се неколку вработени во американската Федерална агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) откако потпишаа отворено писмо за некомпетентноста на раководството на агенцијата, наведува непрофитна група која го објави писмото на својата веб-страница.
Оддолжувањето на постапката за донесување на законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, има негативно влијание во институционален систем, координација и комуникација меѓу институциите вклучени во процесот на климатски промени, оценува Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за подготвеноста на државава за справување со климатските промени.
Џабир Дерала Јагода долго време се думаше како да му испрати тајна порака на Цветко. Затоа го побара најдоверливиот курир Трајче. „Кај си?“, го праша таа во краткиот разговор на Сигнал. „Во братска Србија“, ѝ одговори Трајче гордо. Тој ѝ објасни на претседателката на Нашата Околија – никогаш Северна – дека српскиот четнички војвода во Околијата го испратил во братска Србија, за да му помогне на Вождот од Белиот Град во борбата против западниот империјализам и лудите четници што сакаат да го симнат од престолот. „Прати ми го Дорчо, барем. Тој ќе знае како да…“, му рече таа. „Дорчо е секогаш со мене“,…
Граѓанската платформа „Независни заедно“ официјално ја објави кандидатурата на деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Горан Марковски, за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.
Скопје во моментов не е подготвено да ги направи уставните измени што ги бара Софија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање, нагласува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за политичкиот магазин „Политико“, дадено за време на неговата посета на Брисел.
