Author: Marija Todorovska

Сериозниот развој на настаните со недостигот на храна во Појасот Газа треба да биде повик за будење за целиот свет со цел веднаш да се преземат мерки за спречување на оваа хуманитарна катастрофа, порачаа денеска во заедничка изјава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич.

Read More

„Доколку би биле претседател на еден ден, што би направиле прво“- граѓаните за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, даваат различни одговори. Некои би се заложиле за социјална правда и социјално избалансирана држава, други би направиле журка на плоштад, трети посакаа да нема поделба кај македонскиот народ. За некои е важно повеќе украси и посреден град, други се за повеќе хуманитарни концерти, студентски град и клинички центар, подобро здравство, жена за претседател, „за сите луѓе да има леб“.

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва присуствуваше и се обрати на манифестацијата „Во чест на поетот“, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во годината кога македонската држава ја одбележува 100 годишнината од раѓањето на еден од најзначајните поети во македонската современа книжевност.

Read More

Грижата за сите, особено за ранливите граѓани е социјалдемократска вредност која ние ја преточивме во конкретни политики и мерки затоа што веруваме дека на секого му е потребна помош и поддршка, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска на денешната трибина Повеќе за сите во Гевгелија.

Read More

Кога едноставните работи се усложнуваат со манипулации и лаги резултатот е тој што го гледаме со години во Македонија. Почнатите преговори со ЕУ по успешниот скрининг треба да продолжат по одлуката на Собранието за уставни промени. Ако не се донесе таква одлука станува неизвесно кога тоа ќе се случи бидејќи релевантни политички партии за тоа немаат навестување, ниту некоја поцврста определба. Ова е таа едноставна ситуација со едноставно решение.

Read More

Турција досега испрати над двесте тони хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе продолжи со посветеноста кон хуманитарна помош за тамошните Палестинци, соопшти Министерството за национална одбрана на оваа земја.

Read More

Република Северна Македонија мора да продолжи со реформите и евроинтегративниот курс, додека нејзините граѓани треба да ги осудуваат деструктивните сили кои имаат за цел да ја насочат земјата во правец на проруска ориентација. Ова е заклучокот на познавачите на политичките збиднувања во земјава, анализирајќи ги за „Фронтлајн“ повиците на Стејт Департментот на САД, како и на пријателите на Македонија од меѓународната заедница, дека земјата треба да продолжи со реформите и својот пат кон ЕУ.

Read More

На Балканот, Вучиќ и Додик си прават натиго-дајмиго во допингување на изборите, Подгорица ја чувствува пост фестум ревизијата на волјата на гласачите, прозападната ориентација на БиХ е блокирана од Додик, а во Македонија, изгледа како да успеа операцијата „Коњички скок“, најавена пред неколку години, а во која никој не веруваше. Речиси според сценариото на таа операција, најавена од Љубљана, од градот од каде што ни дадоа список на црните пари што ги добиваат дел од македонските медиуми, а за што никој не мрдна со прст…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во овогодишното издание „Светот во 2024-та“ на реномираниот „Економист“, се осврна на повеќе развојни процеси во одбраната и во Армијата, особено процесот на нејзина модернизација и опремување, соопшти МО.

Read More

Како државните од Западен Балкан најдобро да го искористат Планот за раст на Европската комисија е целта на дискусијата „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ што денеска во Скопје ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, на која има претставници на креаторите на политиките, на граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот.

Read More