Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Достоинствено, во неговиот роден Штип ја заокружуваме Годината во чест на Ацо Шопов

0
By Marija Todorovska on December 21, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 21, 2023 20:55

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва присуствуваше и се обрати на манифестацијата „Во чест на поетот“, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во годината кога македонската држава ја одбележува 100 годишнината од раѓањето на еден од најзначајните поети во македонската современа книжевност.

„Имам чест да изразам ограмна почит кон Штип и кон Центарот за култура, кој го носи името на големиот поет за вашата неисцрпна енергија, љубов и страст во чување и негување на името и творештвото на Шопов, со што ја одржувате актуелна поезијата на великанот на македонската лирика,  вечниот Ацо Шопов, кој остави трајни и ја обележа македонската современа поезија“, рече министерката за култура на настонот на кој беа изведувани новосоздадени композиции во џез стандарди, по текстови од Шопов, патрон на Центарот за култура во Штип.

Костадиновска-Стојчевска ги поздрави идеите со кои преку овој настан, Ценатрот за култура успева да го држи жив зборот на Шопов кај младите генерации и на тој начин да гради млади кои ги ценат темелните вредности, овозможувајќи им услови да создадат дела кои се одраз на современата македонска култура.

Министерката за култура изрази уверување дека со завршување на оваа јубилејна година посветена на Ацо Шопов кого го нарекуваат „остров среде океаните на зборот“, Центарот за култура и неговиот роден град, како и досега ќе продолжат да осветлуваат нови и нови пораки кои ги носи поезијата на Шопов.

На традиционалната манифестација „Ноќ на поетот“ признанието „Ацо Шопов“ му беше врачено на aкадемик Витомир Митевски – за особен придонес во популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов. Центарот за култура на пригоден начин одликува и истакнати личности за нивниот ангажман во негување и меѓународна афирмација на делото на Шопов.

Ацо Шопов Бисера Костадиновска - Стојчевска книжевност култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.