Author: Marija Todorovska

Политичкиот аналитичар и новинар, Сашо Ордановски во Студио на Слободен печат истакна дека на државата и недостасува политички и општествен консензус за многу важни теми и прашања.

Read More

На Меѓународен аеродром во Скопје вчера при извршена пасошка контрола на Г.Р.Х.А.(52) од Холандија, било констатирано дека во оперативната евиденција за него има барање од Интерпол. Исто така постоело сомнение дека холандската патна исправа, која ја дал на увид, била фалсификувана.

Read More

Инспекторите за животна средина на Град Скопје по неколкудневно следење завчера, во соработка со полиција од ПС Ѓорче Петров,  спречиле екоцид на парцела во општина Ѓорче Петров, откривајќи приватна дива депонија во која се оставал опасен отпад. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прес-конференција рече дека сторителите пред 20 сведоци биле затекнати во извршување на кривичното дело на локацијата на која дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад и праша дали најголем клиент била Општината Ѓорче Петров.

Read More

Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат.

Read More

За време на официјалниот престој во Вашингтон, лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити ги продолжуваат средбите со високи американски претставници.

Read More

Почнува реализацијата на четирите нови системи за наводнување, Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште, со кои ќе бидат опфатени 13 000 хектари земјоделско земјиште. Инвестицијата вредна над 100 милиони евра, ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Седумдесет отсто од средствата се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30 проценти се од државниот буџет.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА / Цивил Медиа Централниот аргумент во јавните дебати во демократскиот свет се врти околу согледувањето дека на демократијата е под сериозна закана од радикалните националистички движења. Нивните стратегии за влијание врз јавното мислење, се состојат во продлабочување на општествените поделби, што има потенцијал да им помогне да се стекнат со политичка моќ по изборите што ќе се одржат во голем дел од светот во 2024 година.

Read More

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.

Read More

Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал го прифати барањето на поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези да го одложат распитот за следната недела, известија албанските медиуми.

Read More

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата.

Read More