Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на Евростат: Германците се најнезадоволни од животот, а Австријците се најзадоволни

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 12:31

Покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија и натаму се многу задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европскиот завод за статистика Евростат.

Истражувањето беше спроведено во 2022 година и во него од луѓето ширум ЕУ се бараше да оценат колку се задоволни од нивната животна ситуација на скала од еден до 10. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ задоволство од животот е оценето со просечна или повисока оценка отколку што е во ЕУ, пренесува Дојче веле.

Во сите земји освен во Бугарија, просечните оценки за задоволството од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни.

На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7), каде што треба да се нагласи дека во последните десет години животното задоволство во Грција е зголемено за 0,5 поени, додека во Бугарија е зголемено во однос на 2013. за 0,8 поени.

Според истражувањето, задоволството од животот кај Германците паднало за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ.

Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат.

Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, чијa просечна оценка за задоволство од животот е 7.2.

австријци германци Евростат ЕУ истражување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.