Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сами во националистичкото мочуриште, со политичко срце што бие во Кремљ

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 11:39

ЏАБИР ДЕРАЛА / Цивил Медиа

Централниот аргумент во јавните дебати во демократскиот свет се врти околу согледувањето дека на демократијата е под сериозна закана од радикалните националистички движења. Нивните стратегии за влијание врз јавното мислење, се состојат во продлабочување на општествените поделби, што има потенцијал да им помогне да се стекнат со политичка моќ по изборите што ќе се одржат во голем дел од светот во 2024 година.

Овие трендови се забележливи и во Северна Македонија, каде што националистичките, антидемократски и антизападни структури и инсталации се во офанзива, што има потенцијал да има сериозни импликации врз односите на земјата со Западот и со Русија. Без намера да дадеме конечни одговори, овој текст ќе се обиде да ја отслика ситуацијата во овој период.

Од ден на ден, работите на клучните теми – демократија, мултикултурализам и евроатлантска ориентација на земјата – стануваат сè појасни дури и за политички најнаивните и најмалку информираните.

На сите им станува јасно каде припаѓа Мицковски и тајфата негови истомисленици. Но не само тоа. Овие фигури на политичката мапа имаат многу добри изгледи да останат сами во националистичкото мочуриште. Но тоа не е многу утешно.

Радикалниот националистички фронт го вклучува помалиот политички побратим – некои би рекле и изданок – на ВМРО-ДПМНЕ, Левица. Тука се и неколку помали политички циркузанти и еден осомничен за крволочно убиство на дете.

Така е, палатата Татарчев е во средината на тоа националистичко мочуриште, опкружена со политички полноглавци – московски ученичиња – задоени од сопствената суета и бескраен апетит за пари и власт. Нивното политичко срце бие во Кремљ и, ако не им успее операцијата, ќе дојде нечија сува старечка рака и ќе пушти вода во клозетот.

Засега, ним не им пречи што се сами, па ревносно ја туркаат својата антизападна и радикално националистичка и проруска агенда. Ги користат, релативно успешно, сите можности да ги постигнат своите цели. Кампањата на нивниот агитпроп е интензивна. Крајната цел е сè да претворат во мочуриште што ќе ја проголта демократијата и во кое тие најдобро се снаоѓаат.

Тие добро знаат дека во нивната битка за власт, пресудно е колку ќе успеат во тоа да предизвикаат страв, омраза и поларизација во општеството и да ја продлабочат недовербата во институциите. Тоа се основни одлики на нивната пропаганда, која, според сите атрибути, влече инспирација, искуства и знаења од руското (и не само руското) пропагандно искуство.

Во месеците што преостануваат до одржување на изборите, националистите и проруските / антизападните инсталации ќе дадат сѐ од себе да ги убедат луѓето најмалку дека „сите се исти“. Но и дека тие се вистинските патриоти кои ќе ги одбранат македонскиот идентитет, јазик, опстанок… од „наездата“ на вековните непријатели, внатрешни и надворешни.

Во таа нивна пропаганда, не изостануваат ниту наративите дека „Европа е дволична и полна со зло и перверзија“, „Украина е нацистичка земја“ во која „Русите спроведуваат денацификација“. Важно им е да ја убедат јавноста дека „БРИКС е подобра (вистинска) алтернатива за нас“ и дека „НАТО е злосторничка организација“. За наративите кон Албанците и да не говориме – тие се константа – исполнети со целосна омраза и геноцидни пораки.

Среде тоа „богатство“ од пораки, пропагандистите под чадорот на овие структури, не забораваат секој ден да повторуваат дека авторот на овие редови е „балист, платеник и предавник“ – три во едно, без оглед на лагата и апсурдот во тие тврдења. Небаре се работи за политичка партија што оди на избори, па треба по секоја цена да се дискредитира, за да не дојде на власт. (Авторот никогаш не бил на ниту една функција во државата.)

Со тие наративи, оваа банда (да се послужам со изразот на Љ. Бошкоски) се обидуваат да ја мобилизираат својата партиска солдатеска, а да ги обесхрабрат другите да излезат на гласање. Како што ќе поминува времето до изборите, убедувањето преку црна кампања ќе го заменуваат со сѐ поотворени закани и притисоци. Не дека ги нема и сега. Следно ниво – насилство.

Значи, нема потреба од загриженост, нели?


Текстот е личен став на Авторот.
избори национализам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.