Author: Marija Todorovska
Хакерите на иранската група „Татковинска правда“, кои минатиот месец ја нападнаа компанијата „One Albania“, сега ги објавија на продажба податоците на Албанците, јавија албанските медиуми.
Во Северна Македонија, изборите за шестиот претседател ќе се одржат на 24 април, додека вториот круг, заедно со парламентарните, ќе се одржи на 8 мај.
Северна Македонија е на праг на двојни избори, претседателски и парламентарни. Но, во однос на интеграцијата во Европската унија (ЕУ), процесот е закочен поради политичките каприци на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. Тој и неговата „компанија“ го блокираа одобрувањето на уставните измени, тврдејќи дека се бугарски „диктат“. Од друга страна, уставните измени исто така се предвидени и во документот познат како „Француски предлог“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 10 јануари ќе свика состанок на дипломатите од земјите-членки на Алијансата и украински претставници, по серијата неодамнешни масовни руски воздушни напади врз оваа земја, соопшти денеска НАТО.
„Приходите од данок на моторни возила бележат раст од 46,7% во однос на претходната година, приходите од царина за 10,3%, а раст од 5% има и кај приходите од акцизи кои во 2023 година изнесуваат 32,4 милијарди денари. Растот на наплата на приходи од страна на Царинската управа, значи и повеќе пари за здравство, образование, подобрување на инфраструктурата од што бенефит ќе имаат сите граѓани на нашата држава.“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, на брифингот со новинарите одржан денеска со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а на кој беа…
Олександар Урбанович, претседател на Здружението на Украинците ,,Лесја Украинка”, денеска се обрати по повод „масовните ракетни и беспилотни напади врз Украина“.
„Во текот на ноќта, Русија изврши еден од најголемите напади од почетокот на нејзината инвазија врз Украина, против градови и населението.
Денес државата-терорист – руската федерација повторно изврши масовни ракетни и беспилотни напади врз Украина….Киjив, Лвив, Одеса, Днипро, Харкив, Запорижја и други украински градови. Само во утринските часови тие лансирале повеќе од 158 воздушни цели.
Во време кога културата е најзначајна тема за државите ширум светот, Министерството за Култура на Република Северна Македонија го припрема теренот за нова ера на воведување на вредностите на инклузивност и збогатување на културното наследство на земјата. Една од најголемите инцијативи што се подготвуваат во текот на наредната година е измената на Законот за македонскиот јазик. Во соработка со образовните институции, Министерството за Култура цели да го подигне значењето на јазикот и негова правилна употреба. Измените се фокусирани на употребата на јазикот и формирање на Инспекторат како тело кое ќе ја контролира неговата правилна употреба. „Јазикот е заштитено нематерјално културно…
Денеска, рускиот агресор изврши еден од најмасовните воздушни напади оваа година на територијата на Украина. Агресорите употребија бараж од најразлично оружје и муниција.
Во пресрет на новогодишните и празници, ЦИВИЛ упатува апел до сите граѓанки и граѓани во земјата да прославуваат безбедно, без употреба на распрскувачки материјали и оружје.
Најодговорно тврдам дека тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно, ќе дојдат сметките, граѓаните ќе видат. Многу потрошувачи, потрошувачката со која што влегувале во трет блок, некои дури и што се греат во поголеми простории се и во четврти блок, дел од таа потрошувачка ќе влезе во евтината тарифа од 13 до 15 часот, истакна претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.