Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Претпладневен пресек на вестите на денот во 1 минута
https://www.youtube.com/watch?v=rbr2ymywrFY Годината што изминува е година која го потресе светот од терористичките акции на ниво на Европа и останатите континенти. Заминаа неколку глобални ликови значајни за поновата историја, а случувањата во Алепо ќе останат црна дамка за човештвото на Земјата. Ова е видео-приказ на глобалните настани кои ја одбележаа 2016 година.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска им ги додели уверенијата на претставниците на политичките партии за освоените мандати од изборите кои се одржаа на 11.декември. Претседателот на ДИК воедно информираше дека конечниот изборен извештај денеска ќе биде доставен и до Собранието и до Агенцијата за медиуми, по што Трајко Вељаноски најдоцна до сабота на полноќ треба да свика конститутивна седница на новиот парламентарен состав и да претседава со неа. Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ и коалицијата 49, ДУИ има 10 мандати, движењето БЕСА освои 5 мандати, Алијанса за Албанците 3, додека Демократската партија на Албанците освои 2…
Денешната средба по иницијатива на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на 18 градоначаланици од Скопскиот плански регион резултираше само со дискусија околу големата загадаеност на воздухот. Како што соопшти по средбата Трајановски, тие разговарале за повеќе начини на кои би можел да се намалува загадувањето, додека истовремено “таткото на главниот град“ повика да не се политизира темата и централните, локалните власти и граѓаните да соработуваат. Градоначалниците разговарале за проширување на топловодната мрежа во Скопје, намалување на цената на парното греење, субвенционирање на греење на пелети на локално ниво, субвенционирање на други видови на греење за кои општините ќе изработат елаборати,…
Излезноста во Теарце, според се уште неофицијални бројки од набљудувачите е 402 гласачи
ДИК ќе ги соопшти резултатите в 21:30 часот. Според информациите од набљудувачите, вкупната излезност е речиси иста како на 11 декември
Тивки улици и тивки гласачи. Бројот на избирачи е колку бројот за запишани деца во училиштето во кое се гласа. Старите дома, младите во Данска.
Според него промените во Македонија веќе започнале и никој не може да ги спречи, бидејќи над 600. 000 граѓани, без разлика на својата етничка припадност побараа демократска иднина за Македонија, за која Заев рече дека „нема да дозволи да биде оштетена преку заканите на Никола Груевски“
Од 900 до 1.000 смртни случаи се резултат на зголемената аерозагаденост во земјава, а Македонија е петта во Европа по стапка на смртност од загаденоста на воздухот преку ПМ10 честичките, алармираат експертите од ова поле. Во пораст се и малигните болести, и тоа велат познавачите на проблемот, треба што поскоро да се среди со долгорочни и краткорочни мерки во сите сектори. https://www.youtube.com/watch?v=LdVGVgSLC2g – Кога е највисока аерозагаденоста и кога се ниски температурите тогаш доаѓа и врвот на бројот на смртни случаи кај постарите или хронично болните. Мерките за намалување на загаденоста се интра-секторски. Урбанистичкото планирање треба да биде такво да…
Маргинализирани или авангарда? Победникот на Орторската „Иво Пухан“ – за своето искуство како студент-активист
Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, денеска на прес-конференција ги образложи причините на ВМРО-ДПМНЕ за тужба против одлуката на Државната изборна комисија да се прегласува на едно избирачко место во Гостивар, донесена по приговор на партијата Беса. Во продолжение објавуваме интегрален текст од прес-конференцијата на Тодоров: „Изминативе недела дена, сите бевме сведоци на срамен обид од страна на некои од членовите на Државната изборна комисија да ја оспорат и фалсификуваат волјата на мнозинството граѓани која беше јасно изразена на мирни, фер и демократски избори кои минаа без ниту еден инцидент. Изминативе недела дена, целата македонска јавност беше сведок…
https://www.youtube.com/watch?v=qu6CHSbDH_U Живееме во сатира или стварност? Кој е лудиот во нашето општество? Сашо Кокаланов, основач на „Коза Ностра“ и автор на романот „Ние сме лудаци“, раскажува како ја креира содржината и кој е најчестиот извор за соочување на реалното и сатиричното