Author: Влатко Чаловски

Од скандалот со филмскиот продуцентски магнат, Харви Вајнстин, холивудската сцена повеќе не е иста. Се повеќе актерки или филмски работници се охрабрија јавно да зборуваат за непријатните искуства со мажите „предатори“ кои ја злоупотребиле својата моќ за да ги задоволат своите страсти. По падот на Вајнстин, следеше и падот на легендарниот актер Кевин Спејси, за потоа да следат падови на политичари и обвинувања за сексуално или недолично однесување на луѓе од разни сфери во јавниот живот. Кампањата #MeToo од случајот со Вајнстин наваму, најгласна беше на последната церемонија на филмските награди Златен Глобус, но денеска е активна и во Македонија…

Read More

Образложувајќи ги предлозите за измени на Законот за плата и други надоместоци за пратениците и другите избрани и именувани лица и Законот за пратеници, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на брифинг со новинарите денеска, рече дека тие оставаат простор за дебата, и ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието за заедно да ги донесат промените за патните трошоци. Тунтев рече дека во комуникација со координаторите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претходно разговарале за надоместоците и опозицијата се сложувала со било каков предлог кој би бил логичен. „Ние очекуваме опозицијата наскоро да се врати во Собранието. Доколку не…

Read More

Инсенераторот за горење медицински отпад во депонијата Дрисла, кој пред повеќе од 16 години како хуманитарна помош и бил доделен на Македонија од страна на британската Влада, не работи од 1.јануари годинава, информираше денеска на брифинг со новинарите, заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули. Како што рече тој, италијанската фирма која е концесионер на депонијата, ФЦЛ Амбиенте, од страна на државата е задолжена да инсталира што поскоро филтри кои ќе ја намалат емисијата на штетни елементи од согорувањето на отпадот за инсенераторот да продолжи со работа, се до набавка на нов. Директорот на Дрисла, Горан Ангелов, за НОВА вели…

Read More

Пратеникот од Сојузот на Роми, Амди Бајрам, за НОВА потврди дека од денеска во Собранието ќе делува како пратеник на Сојузот на Ромите и дека повеќе не е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак Бајрам, кој е еден од пратениците со најдолг стаж во Собранието, не сака да коментира зошто прекинал да соработува со опозицијата. „Од денеска сум пратеник од својата партија, Сојузот на Ромите и не сум веќе со ВМРО. Немам коментар зошто излегувам од коалицијата. Ќе гласам за се што е во интерес на македонските граѓани и за ромската заедница, без разлика од која партија доаѓаат предлозите“,…

Read More

Какви се односите во владината коалиција е прашањето кое, како последица на острата реторика помеѓу албанските лидери Али Ахмети и Зијадин Села изминативе денови, се наметна во јавноста. На ова претходеа и математиките на владиниот состав, кои се менуваат по името на Венко Филипче, кој се очекува да биде владин кандидат за министер за здравство, функција, која Села смета дека и припаѓа на Алијансата за Албанците која ја предводи тој. По вчерашната средба со премиерот Зоран Заев, Села беше дециден дека тој нема да прифати компромиси со заменички функции за негоата партијата, бидејќи според договорот за Влада, Министерството за здравство…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=clXDTT4jAZE&feature=youtu.be По средбата со премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, изјави дека за нив е неприфатливо да се измислуваат функции преку ноќ за Алијансата да остане во Владата, бидејќи, како што рече, на таков начин се омаловажува партијата која останува посветена на реформите. Села рече дека на средбата му порачал на Заев да „стокми“ функција, како што рече, „заменик премиер за носење бурек“ која ќе му ја отстапел на ДУИ. „Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се прават преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците, такво нешто ние нема…

Read More

Средствата кои Општина Центар во минатото ги одделувала за К.К Работнички секогаш се движел во рамките на средствата предложени пред советниците во општината за 2018 година, тврди заменик градоначалникот на Центар, Васко Кичевски. Во изјава за медиумите, Кичевски вели општината ќе одвои 24 милиони денари, а уште 6 милиони очекуваат како донација, со цел да се стопира долгот кој се влечел во клубот уште од времето кога Тодоровиќ управуваше со општината. „Работнички во моментов има 150.000 евра долгови кон кошаркари и стручен штаб. Донесовме одлука за ваков предлог во Буџетот за да не се влечи клубот по судови. И претходно…

Read More

Предлог-законот за јазиците на пленарна седница во Собрание ќе се најде или со еден разгледан амандман од страна на Комисијата за европски прашања, доколку се постигне до вечерва на полноќ, или со ниту еден. До крајот на денот треба да заврши амандманската расправа, потврди претседателот на Комисијата, Артан Груби кој според Деловникот има обврска да ја затвори дебатата и да го проследи законот до Собранието. Движењето Беса пред почетокот на денешната седница соопшти дека нема да присуствува, бидејќи за нив она што се случува во Собранието бил „политички театар“. „Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе…

Read More