Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот инспекторат со дронови ќе мапира загадувачи

0
By Влатко Чаловски on January 11, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Социјални мрежи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2018 13:11

Државниот инспекторат за животна средина очекува до крајот на неделава или од почетокот на следната недела, инспекторите на терен да имаат можност да снимаат и со дрон, информира за НОВА, актуелниот директор на Инспекторатот, Мирослав Богдановски.

Дроновите ќе снимаат кога инспекторите ќе проценат дека има потреба за тоа, но интервенции ќе можат да се вршат само кај фабриките, не и кај домаќинствата.

„Склучивме договор за изнајмување дронови со професионален управувач и со сите потребни дозволи. Или до крајот на неделава или од почетокот на следната недела два дрона ќе ни бидат на располагање. Тие ќе бидат во функција на инспекторите, односно за полесно лоцирање на жаришта каде што има проблем. На пример, имаме претставки во Лисиче, за големени концентрации на ПМ честиците, односно надминување на дозволениот праг. Имаме пријави во Карпош, Момин Поток, Визбегово…Тие критични точки полесно ќе ги лоцираме со дронот од кои ќе имаме снимки кои ќе ги објавуваме јавно, со податоци каде е снимано и зошто“, објаснува Богдановски.

Како што вели тој, инспекторот е оној кој ќе ги дава насоките каде се снима.

Инспекторатот на располагање има шест батерии, а капацитетот за снимање е еден до два часа во денот.

„Следно што ќе направиме е ќе набавиме термална камера која ќе може да ни помогне и ноќно време да лоцираме топлински извор“, дополнува тој.

Сепак она што го кочи Државниот инспекторат е да дејствува кај домаќинствата, бидејќи таму немаат ингеренции за да интервенираат, и покрај тоа што според студиите, домаќинствата се најголемиот учесник во загадувањето.

„Немаме ингеренции за домаќинствата, тоа нели се прави со посебен судски налог на некој дома да му се влезе. Државата нема донесено Правилник за цврсти горива каде што би било опишано на што смеат домаќинствата да се греат. Во домаќинствата, тоа е посебен проблем кој во иднина ќе мора да се решава особено откако студиите покажуваат дека домаќинствата имаат најголемо учество во загадувањето. Тој проблем ќе мора да се решава, гасификацијата знаеме дека е долгорочна мерка, но дотогаш ќе треба да се донесе Правилник за тоа кој што смее да гори“, потенцира директорот на Инспекторатот.

Изминативе два месеци, многу често скопјани се будат во град кој според статистиките, е најзагадениот во Европа.

Владата во декември излезе со забрзани краткорочни мерки, кои би требало да помогнат во периодот кога е најзагадено, но бидејќи се работи за комплексен проблем, каде што учество покрај домаќинствата имаат и возилата и индустријата, проблемот со загадувањето тешко дека ќе биде надминат и во следните неколку години.

Како што апелираат надлежните, мора што поскоро да се направи целосна гасификација на градот, потоа постепена замена на старите возила и што поскоро опремување на сите фабрички капацитети со стандардизирани дозволи, за ПМ10 и ПМ2.5 честиците да станат минато.

 

 

воздух домаќинства Државен инспекторат дрон загаденост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.