Author: Влатко Чаловски

https://www.youtube.com/watch?v=k8uzjdLC6ws Денешниот марш на Шарената револуција започна како и вообичаено, пред седиштето на Специјалното јавно обинителство. Но она што го одбележа протестот е пораката „Ова ќе биде Министерство за правда“, испишана во бои на фасадата на инситуцијата, алудирајќи од страна на демонстрантите, дека неговата фунцкија во моментов е во ќор-сокак. Додека се фрлаше нова доза боја на и онака веќе обоеното Министерство, граѓаните кои беа дел од денешниот протест извикуваа „Шутка не ти бега Никола“. Протестот се движеше на релација СЈО-Влада-Собрание, каде што пред големиот број граѓани се обратија Лидија Димова, пратеничка во Собранието и Рената Јајоска, член на СДММ.…

Read More

За Љиљана која вчера разговараше со нас пред Собранието, дождот не е пречка за да излезе на протестите кои се дел од “Шарената револуција”. Таа протестира бидејќи како што вели, сака конечно, после дваесет години, да победи нормалното над ненормалното во земјата. „Сите човекови права се згазени сите уставни права, сите институции кои се битни во системот се згазени. Обичниот човек веќе нема право на нормален живот, она што е основно за една човечка егзистенција. Никогаш во моите 50 години не паметам ваква мизерија“, додава таа. https://www.youtube.com/watch?v=2sdgrE6jVLg

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=Q87CCKRoihE На денешното продолжение на протестите во рамките на Шарената револуција, главна атракција беа куклите со ликовите на поранешниот премиер Никола Груевски, на поранешниот првчовек на тајната полиција, Сашо Мијалков, на минстрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и на шефот на Кабинетот на Груевски, Мартин Протогер. Сите кукли беа во затворска униформа а истите “го предводеа“ денешниот марш до Собранието. Како и вообичаено граѓаните кои ги поддржуваат протестите се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, и покрај врнежливото време. Маршот се одвиваше под паролата „Нема да ви помине“, како порака за изгласната селективна аболиција од…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=rKrQ2TtHlco Американскиот државен секретар за Европа и Азија, Хојт Ји, вели на средбите кои ги имаше изминативе два дена во Скопје со политичките лидери и претставниците на меѓународната заедница биле главно во однос на аболицијата и владеењето на правото. – На сите мои состаноци разговаравме за аболицијата на претседателот, која го нарушува владеењето на правото и принципот на одговорност. Аболицијата не само што го поткопа владеењето на правото туку и кредибилноста на земјата аспирант за влез во евроатлантските институции, изјави денеска Ји. Според него, многу е важно лидерите да работат да ја поправат штетата направена од ова на начин кој е чист,…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=iDbmK2gNyYo Собранието на Република Македонија е новиот објект кој доби на својата фасада боја по денешните протести на кои се одбележа една година од големиот собир на 17.мај против Никола Груевски. Денешниот марш на Шарената револуција започна како и вообичаено во 18 часот пред просториите на Специјалното обвинителство кое треба да расчисти со индициите за криминал кои произлегоа од прилушуваните разговори. Присуствуваа граѓа ни од различна возраст а со една цел – порака дека избори на 5.јуни не може да има бидејќи на нив ќе учествува само партијата ВМРО-ДПМНЕ. Поворката се водеше од СЈО кон Собранието па се до Владата,…

Read More

Циклусот еден месец „Шарена револуција“ денеска беше одбележан во знак на поддршка кон индивидуалните бизнисмени кои се под притисок од власта поради нивниот отпор на политиките. Впрочем затоа и беше обоена во разни бои зградата на Пазарната инспекција. Како и вообичаено, протестот започна пред седиштето на СЈО во знак на поддршка за работата на оваа институција која треба да ги расчисти индициите за криминал кои произлегоа од прислушуваните телефонски разговори а кои ги објавуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Маршот се одвиваше преку улицата каде што е трговскиот центар Рамстор и обоената зграда на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,…

Read More

Шарените револуционери немаа пристап до зградата на екс-премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но револтот го изразија преку боење на неговиот портрет. Претходно, зградата на Пазарната инспекција е обоена во сите бои од шарените револуционери, кои со идентична порака како и претходните денови, го изразуваат револтот против корумпираната власт. https://www.youtube.com/watch?v=vvMEdfpoh18 Барањата на шарените револуционери се следниве: “Одлучно продолжуваме со протести и бараме: – Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО); – Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата…

Read More

Зградата на Пазарната инспекција е обоена во сите бои од шарените револуционери, кои со идентична порака како и претходните денови, го изразуваат револтот против корумпираната власт. https://www.youtube.com/watch?v=vvMEdfpoh18 Барањата на шарените револуционери се следниве: “Одлучно продолжуваме со протести и бараме: – Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО); – Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија; – Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО; – Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе…

Read More