Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарена револуција: НЕ за еднопартиски избори – шарам правда барам

0
By Влатко Чаловски on May 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 17, 2016 22:37

Собранието на Република Македонија е новиот објект кој доби на својата фасада боја по денешните протести на кои се одбележа една година од големиот собир на 17.мај против Никола Груевски.

Денешниот марш на Шарената револуција започна како и вообичаено во 18 часот пред просториите на Специјалното обвинителство кое треба да расчисти со индициите за криминал кои произлегоа од прилушуваните разговори. Присуствуваа граѓа ни од различна возраст а со една цел – порака дека избори на 5.јуни не може да има бидејќи на нив ќе учествува само партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Поворката се водеше од СЈО кон Собранието па се до Владата, а како и вообичаено, под строга полициска заштита беа седиштето на партијата која ја води Никола Груевски, Министерството за правда и Народната канцеларија на Ѓорѓе Иванов. По маршот, демонстрантите фрлија боја со импровизирани катапулти кон Собранието и го обоија пешачкиот премин на раскрсницата помеѓу Законодавниот дом и Градска болница.

Пешачкиот премин помеѓу Собранието и Градска болница
Пешачкиот премин помеѓу Собранието и Градска болница

Бојата како симбол на револтот не изостана повторно и врз портата „Македонија“ за која граѓаните кои учествуваат на протестите, велат е направена со цел Груевски и луѓето блиски до власта да исперат нелегални пари.

Оттаму демонстрантите се упатија кон Владата каде што говори држеа пратениците од првиот состав на Собранието, Ратка Димитрова и Исмет Рамадани, потоа Луми Бекири, граѓански активист како и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Димитрова порача дека власта сака да направи монопартиска и моноетничка влада, а најцинично во сето тоа било ваквата порака ја брани со Уставот.

– Но пасаран, порача Димитрова.

Според Исмет Рамадани, поранешен пратеник, порано се мислело дека демократијата е лесно дофатлива, но излезе дека не било така.

– Ние им нудиме правда, дијалог и слободни институции, но тие не сакаат да прифатат. Тие сакаат народни пари, аболиција и амнестија. Тие бараат само да ги амнестираат, а стројник на Груевски во сето ова е Ахмети. Зарем не сфаќаат дека овие граѓани од „Шарената револуција“ никогаш нема да го дозволат тоа, рече Рамадани.

Бекири пак, зборуваше во знак на човековите права и Денот за борба против хомофобијата. Се осврна на притворите на приведените за кршењето на Народната канцеларија на Иванов при самиот почеток на Шарената револуција, напоменувајќи дека ЛГБТ центарот за поддршка е кршен минимум 6 пати а досега никој нема одговарано за тоа. Според него, власта на Груевски е хомофобична како во реториката така и на дело.

– Протестирам со луѓе кои не ги познавам, но протестирам со луѓе кои се борат за правда, слобода и подобри услови за живот. Собранието мора да се свика повторно. Исто така мора да се поништи аболицијата на Иванов, а Уставен суд да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство за тоа да може да работи. Но, тука борбата не завршува, таа ќе заврши кога сите барања на граѓаните ќе се се исполнат, заклучи на крајот Манчевски кој рече дека зборувал како граѓанин а не како политичар.

Протестите во Неготино
Протестите во Неготино

Меѓутоа денеска не се протестираше само во Скопје. Денеска на протестите се приклучи и Неготино, а се протестираше и во Битола, Прилеп, Кочани, Охрид, Струмица како и во Чешиново-Облешево. Барањата остануваа исти:

– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

#Шарена револуција избори Неготино протести протестирам Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.