Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Граѓаните кои денеска продолжија со протестите, 4.пат по ред, најпрво беа спречени да протестираат пред Владата од страна на полицијата, а упатувајќи се пред МВР беа пречекани од цврст кордон на специјалните единици, како и пред зградата во која живее Премиерот за на крај да се најдат пред Собранието
Граѓаните кои денеска продолжија со протестите, 4.пат по ред, најпрво беа спречени да протестираат пред Владата од страна на полицијата, а упатувајќи се пред МВР беа пречекани од цврст кордон на специјалните единици, како и пред зградата во која живее Премиерот за на крај да се најдат пред Собранието
Силното полициско обезбедување кое и денес не им дозволи на стотици демонстранти да протестираат пред Владата, намeсто гумени куршуми, доби поклон од мирните демонстранти – гумени бомбони, во чест на Денот на полицијата
Пораките „Доста беше молк“, „Сега ќе не слушнете“, „Нема да си одиме“ и денеска ечеа под прозорите на министерот Адеми. Александар Милевски, член на Средношколскиот пленум рече дека тие нема да ги бараат надлежните, туку чекаат повик од нивна страна, бидејќи тие протестираат за доброто на образованието во земјава
Активистот Џелал Хоџиќ ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации и протестот да се одржи на мирен начин. Откако не им беше дозволено да протестираат пред Владата, граѓаните се упатија кон Законодавниот дом
Сега кога почна големото финале, за соборување на оваа влада, најантиалбанска после 1991 година, некои Албанци место да се солидаризираат со битката за соборување на биномот Груевски-Ахмети, зборуваат за знамето….изгледа намерно сакаат да го поместат фокусот од суштината на проблемот, пишува Хајдари
Околу половина час по изгласување на изменетиот и дополнет Закон за високо образование, Студентскиот и професорскиот пленум вечерва импровизираа погреб на високо образование пред законодавниот дом
Фиксните телефони, електронската пошта, мобилните броеви, секретарките во СОНК, ниеден начин денеска не даде одговор на прашањето на НОВА за ставот на СОНК за утрешниот марш на студентите. Неофицијално внатре имало поделеност, а одлуката за поддршка или не, требало да биде донесена денеска
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ продолжува под мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“, кампања која според граѓанскиот активист Никола Писарев треба да им докаже на приватните инвеститори дека мора да постои граница на капиталот и зачувување на интересот на граѓаните
Снимките кои ги објави „Фокус“ може да се паушални или по партиска нарачка и додека МВР не добие пријава од медиумот нема официјален став од наша страна, изјави за НОВА портпаролот на МВР Иво Котевски. Тој предупреди дека доколку Фокус има материјал и сознанија а не ги пријави тогаш се смета за директен соучесник во тоа
На кој документ се повикува ОБСЕ кога ја оценува регуларноста на избирачкиот процес? Кои се одредбите во тој документ на кои се обврза Македонија како членка на ОБСЕ? Какви беа оценките на оваа мисија за изборите од 1998 до денеска?
Покрај граѓаните и шоферите се жалат дека фреквенцијата им е заглавена на една радио станица – „Радио Слободна Македонија“. И наместо предвиденото, класична музика во утринските часови, а потоа и динамичен ритам со текот на денот, во речиси секој автобус се слуша платена политичка програма, односно политички говори и емисии на кои најчесто се слушаат политичарите од власта