Author: Влатко Чаловски

Живеат во супстандардни услови, но “гласот“ на Ромите, околу 200 во областа „Врапче“ близу Драчево, е важен исклучиво за време на избори. Оваа ранлива заедница од државата нема никаква помош, имаат минимални социјални примања, живеат во или близу диви депонии. Тие пред камерата на НОВА раскажуваат кој ги носи на гласање ветувајќи им помош. https://www.youtube.com/watch?v=s4LnwS0Iqeo

Read More

Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој денеска од својот претходник Никола Попоски ја презеде функцијата, вели првата негова билатерална посета ќе биде во Атина, затоа што најголемиот проблем е токму со овој сосед. – Со Коѕиас разговаравме по телефон, како и со колешката од Бугарија. Мојата цел е првата билатерална посета да биде во Атина, бидејќи таму имаме најголем проблем. На регионот сакам да му покажам дека од денес имаме ново лице. Јас сум убеден дека успешна и среќна Македонија е добра вест за целиот регион, изјави Димитров. https://www.youtube.com/watch?v=moexK-mHSNQ&feature=youtu.be Тој дополни дека негова цел е Македонија да биде…

Read More

Со 66 гласа „За“ утврден е дневниот ред на денешната седница на која единствена точка ќе биде Избор на Влада. Претресот за оваа точка трае 2 дена. Претходно, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски бараше итно да се гласаат измени и дополнувања на Изборниот законик за како што рече тој, да можат локалните избори да се одржат во октомври, но истиот беше одбиен. Како што рече пратеникот Горан Мисовски, Димовски се обидувал да спинува бидејќи тие не доставиле предлог за пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ а по што треба да се предложат комисии за да се разгледува законот…

Read More

Бизнисменот Сеад Кочан утрово беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски, првосомничениот во случајот „Труст“ за прв пат се појави во СЈО. По излегувањето од обвинителството на прашање на НОВА ТВ: Каде бевте на „службен пат“, Кочан не одговори ништо. Молчешкум, заедно со Додевски, тие си заминаа од СЈО. https://www.youtube.com/watch?v=yedRGDU4JDM Сеад Кочан два месеци беше во бегство откако Кривичниот совет на Кривичниот суд му одреди притвор како првоосомничен во случајот „Труст, затоа што со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Откако Врховиот суд го укина решението за притвор, Кочан…

Read More

Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, денеска потпиша договор за изградба на новиот Клинички центар во вредност од 72 милиони евра. Овој договор кој се потпиша во свечената сала на Владата, се случува во исто време кога во тек се преговорите за состав на новата влада предводена од СДСМ. Се очекува градежните работи да траат 45 месеци од почетокот на градбата. https://www.youtube.com/watch?v=3BzAdLSRS1c Клиничкиот центар ќе го градат „Гранит“ и „Бетон“ и италијанската компанија Инсо Системи. Во првиот ред на потпишувањето на договорот беше премиерот во заминување, Емил Димитриев, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Пред нив, министерот во…

Read More