Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади бараат реформи во ВМРО-ДПМНЕ: Уништен е угледот на партијата

1
By Влатко Чаловски on June 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 9, 2017 13:41

Млади сили во партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска ја најавија иницијативата за демократизација внатре во организацијата и повикаа членството да им се приклучи.

Се работи за долгогодишни членови на ВМРО-ДПМНЕ и млади сили кои на прес конференција упатија јавен повик за внатрешна демократизација, без притоа да прецизираат дали сметаат дека нивната партија е заробена од лидерот Никола Груевски.

Младите иницијатори за реформи упатија повик и кон сите стари членови кои беа исклучувани од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат назад, за да го вратат угледот на ВМРО-ДПМНЕ за кој тие сметаат дека е нарушен и во домашната и меѓународната јавност.

– Зад иницијативата стојат над илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ. Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДППМНЕ бара прв чекор да биде измена на Статутот. Решението на состојбите се наоѓа во партијата, и единствениот пат за враќање на власт е демократизацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е обид за разнебитување на партијата , туку таа да се врати кај членовите. ВМРО-ДПМНЕ мора да стане најсилна партија и да се врати на власт, рече еден од иницијаторите Александар Михајлоскки, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика никогаш повеќе да не се дојде до ситуација моќта во партијата да се централизира на едно место.

– Начинот на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ мора да се смени, силата извира од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикуваме масовно да не поддржите за враќање на партијата во рацете на членовите. Оваа иницијатива не е за некого или против некого, ова е само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ да можат демократски да ги избираат своите лидери, рече Михајлоски.

Тој во име на иницијаторите изрази надеж дека Никола Груевски ќе ја прифати оваа идеја за демократизација на партијата.

– Статутот на ВМРО-ДПМНЕ еволуирал низ годините, а во моментот статутот е целосно недомократски и ние сакаме да го смениме, во кој ќе биде определена одговорноста и задачите на сите партиски функционери, рече Михајловски и најави нови активности за што поголема мобилизација на членството.

ВМРО-ДПМНЕ демократизација Иницијатива Никола Груевски реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.