Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: На Европа и светот ќе му покажеме дека имаме ново лице

0
By Влатко Чаловски on June 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 1, 2017 14:55

Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој денеска од својот претходник Никола Попоски ја презеде функцијата, вели првата негова билатерална посета ќе биде во Атина, затоа што најголемиот проблем е токму со овој сосед.

– Со Коѕиас разговаравме по телефон, како и со колешката од Бугарија. Мојата цел е првата билатерална посета да биде во Атина, бидејќи таму имаме најголем проблем. На регионот сакам да му покажам дека од денес имаме ново лице. Јас сум убеден дека успешна и среќна Македонија е добра вест за целиот регион, изјави Димитров.

Тој дополни дека негова цел е Македонија да биде почитувана од соседите и светот, да има добрососедски односи и пријатели од светот.

– Ова е нов почеток. Не сакам да се вртам назад туку сакам да одиме напред. Ова министерство не е на ниту една партија. Ќе работам да се дигне достоинството а надворешната политика да се создава во ова Министерство. Факт е дека од вчера имаме една реформска влада која сака да започне преговори со ЕУ и да влезе во НАТО. Сакаме да бидеме почитувани и да имаме пријатели, како и да имаме добрососедски односи, рече тој.

Димитров воедно се обврза на целосна транспарентност на начинот на кој ќе функционира ова министерство, и дека се што ќе прави тој и неговиот тим, ќе биде отворено за јавноста.

По вчерашното изгласување на Владата, Димитров воедно, одговарајќи на прашањето на НОВА за односите со Србија, односно влезот на српскиот дипломат Горан Живаљевиќ за време на “крвавиот четврток“ како еден од демонстрантите, рече дека тоа е пластичен пример за мешањето на една држава во внатрешните работи на друга.

– Ние сакаме добри односи со сите и на тоа ќе работиме многу интензивно. Моите први билатерални средби ќе бидат во регионот. Не е добро новите односи кои сакаме да ги градиме да започнат со скандали. Ќе се обидам прашањето со Србија да го затворам без да има голем скандал, меѓутоа не е добар стартот и од другата страна. Во Собранието имаше практично државен удар кој пропадна…не може да се биде биде дел од толпата која влезе во Собранието а да тврдите дека не се мешате во внатрешните работи. Попластичен пример од овој за мешање во внатрешните работи нема. Јас како дипломат влегувам од главната врата во други држави, ме чекаат, се претпоставувам и одам на состанок. Не мислам дека ова треба да биде проблем. Србија има интерес Македонија да успее, и Македонија има интерес Србија да успее и ќе градиме мостови, изјави Димитров.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, неодамна го оправда присуството на Живаљевиќ во Парламентот кога нападнати беа пратениците и новинарите, тврдејќи дека работа на дипломатот и офицер на БИА било да известува од Македонија.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.