Author: Xhabir Deralla

Одговорот е: Да. Само треба да се прочита, а потоа и да се дејствува ЏАБИР ДЕРАЛА Кога правото се користи за дисторзија на процесите и постигнување на скриени цели во полза на поединци или структури на моќта – правдата и владеењето на правото исчезнуваат.

Read More

Фактите остануваат факти, без оглед на тоа колку креаторите на лагите се обидуваат да ги искриват или скријат! ЏАБИР ДЕРАЛА Оние што ги создаваат и шират лагите и манипулациите, потоа и живеат во нив. Живеат и во лагите на оние за кои работат. Тие живеат во имагинарниот свет на сопствените лаги. Тоа се нарекува самозалажување. Што е тоа? Стенфорд енциклопедијата на филозофијата[i] дефинира:

Read More

БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ За да ја разбереме трагичноста на македонската историја од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, кога сите околни народи околу нас се конституирале како меѓународно-правно признати субјекти на меѓународната карта на светот, за потоа и да нè поделат етногеографски меѓу себе, треба(ше) нашите квази историчари и особено карикатурални тетки-историчарки со коефициент на интелигенција помалку од една потполошка, без грам емоции и со максимална објективност да ѝ ја објаснат на историски неграмотната јавност целата историска вистина, односно да ги разложат причините и последиците кои доведоа до Букурешт и раздобјето на македонската етногеографска целина, а од тоа понатаму,…

Read More

Tокму од вмровски центри на моќ, влијателни медиуми и новинари се изнаслушавме дека „Американците се тие што го убија нашиот претседател“, што секако е надвор од реалноста, непоткрепено со никакви релевантни докази! Почитувани, За да се запази интегритетот и дигнитетот на медиумот во кој е напишана колумната „Руски рулет за Мицкоски“, која – со гнасни инсинуации и непотребна хистеризација – одредени медиуми и личности погрешно ја протолкуваа и пренесоа, должен сум да го дадам следново објаснување:

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Мене одамна ми е јасно дека во земјава постојат и работат медиуми кои не би ни постоеле, ако нивните налогодавачи немаат насушна потреба да ги нападнат сите што мислат со своја глава, да дискредитираат сѐ што е прогресивно и да внесат омраза и поделби во општеството. Овие медиуми за својата работа се и богато наградени од црните фондови на познати политички и разузнавачки ентитети кои дејствуваат во земјава.

Read More

БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ Недипломатските изјави на американската  амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички  елити   треба  да направат, особено во сферата  на надворешната политика, за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува само на едно: дека ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука , за да ја…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Мицковски, намерно или потсвесно, ја призна спрегата меѓу вмро и судството. На денот на вмро, што го прогласија за национален празник во 2007 година, тој рече дека судиите од „тефтерчињата“ – сега работеле за власта. Ги нарече и слуги, што е крајно навредливо.

Read More

Во Новаци, на само 50 метри од одлагалиштето на јаловината од Рудникот  Суводол, изградена е најголемата приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – ФЕЦ Новаци која моментално е и најголема на Балканот.  Новата централа, која со работа ќе почне до крајот на месецов, е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да произведува 85.000 MWh што претставува електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства.

Read More

Нема мир без правда за жртвите од диктатурата, агресијата и воените злосторства. Нема мир без слобода. ЏАБИР ДЕРАЛА Невозможно е да се говори за мир во светот денес надвор од заканата од рускиот рашизам и воената агресија против Украина, враќањето на Железната завеса и целосното загрозување на опстанокот на човечката цивилизација воопшто. Диктаторот во Кремљ, кој тргна во тридневна „специјална воена операција“ да ги освои Кијив и Украина го загрозува светскиот поредок и демократијата на секоја точка од оваа планета.

Read More

Демократијата е пат по кој секојдневно чекориме. Ако застанеме, таа исчезнува. Ако молчиме, како да ја немало никогаш. ЏАБИР ДЕРАЛА / CIVIL MEDIA Светот по втор пат го одбележува Денот на демократијата (15 септември) по почетокот на бруталната руска агресија против Украина. Зошто е важен овој факт? Затоа што воената агресија против Украина не е само крволочен расистички напад на една мирољубива држава во Европа, туку претставува жесток атак и врз демократскиот поредок во светот. Ова е време кога разјареното зло се обидува да ја уништи човечноста и светот да го завие во страв, црнила и очај.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Шакалите се месојадни животни, налик на волците, но помали. Спаѓаат во кучешкото семејството Canidae. Заедно со хиените, за нив се смета дека се големи кукавици, иако некои зоолози сметаат дека тоа е претерано и дека, сепак, може да се каже дека во себе имаат и некоја борбеност. Сепак, ни оддалеку не се храбри.

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Светската асоцијација на новинарите во соработка со ЗНМ, СЕММ и ССНМ распишаа награда за сите кои со свои информации ќе помогнат да се открие чиј бот е ботот кој за себе тврди дека не е руски.

Read More