Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски рулет за Мицкоски

0
By Xhabir Deralla on December 24, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 24, 2023 15:39

БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ

Недипломатските изјави на американската  амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички  елити   треба  да направат, особено во сферата  на надворешната политика, за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува само на едно: дека ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука , за да ја прекине „играта“ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан  Мицкоски.

Најпросто објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.

Американците губат битки, но војната, на крајот – секогаш ја добиваат!

Политичката  криза во соседна Бугарија, де факто претставуваше борба до истребување на американското со руското влијание во оваа наша соседна земја, битка која беше фаталистичка до крај. За во моментов, да победат Американците, односно да се спроведуваат нивните интереси  таму, но се наполно свесни, дека Бугарија и покрај тоа што е полноправна членка на Европската унија и НАТО, како поранешна  комунистичка држава-членка на Варшавскиот пакт, подружница на советски Кремљ на Балканот, метастазираните руски нагазни мини во безбедносно – разузнавачкиот, политичко-полицискиот живот на бугарската политичка и општествена сцена, и тоа како се силни.

Како што кај нас се силни, тие на подземен Белград, како наследство  во мираз од поранешната заедничка федеративна држава , под чиј команден центар бевме формално-правно до 1991, а во реалноста и до ден денеска, цели 32 години по прогласувањето на независноста на Македонија. Напросто: неизгласувањето на уставните измени за влез на Бугарите во Уставот, како услов без кој не се може да се продолжат ефективно и ефикасно  европреговарачките поглавја, и Македонија после 18 години застој конечно да тргне напред во интегративниот процес, не е бранење на македонскиот национален интерес, туку одбрана на српскиот свет во државата, како специфична карактеристика на рускиот таков, овде и на Балканот.

Постојано во своите фејбук писанија, тоа, поранешните пратеници во македонскиот парламент Ивон Величковски и Никица Корубин, го елаборираат со хируршка прецизност, го портретираат  повеќе од три децении,  дека поставените марионети на подземен и надземен  Белград кај нас во политичките партии, безбедносно-разузнавачките служби  особено, но и во академските сфери, бизнис-олигархијата најизразено, во медиумскиот сектор и да не збориме, се всушност „држава во држава“, и токму таа „држава“ не кочи нас како граѓани и општество, Македонија како земја, да направи еволутивна европска промена и да зачекори кон ЕУ, со надеж дека еден ден ќе постане нејзина полноправна земја членка.

Мене ми е навистина жал и тажно, што опозициската  ДПМНЕ, цели  33 години, од нејзиното основање како антијугословенска и антисрпска партија, која го рушеше условно кажано комунизмот кај нас, стана идеолошка карикатура, во рацете на тој подземен и олигархиски  Белград.

И на Будимпешта, командувана од Москва.

Партијата која се гордее дека е славна наследничка на историската страв и трепет за Србија, српскиот крал и двор, организација од крајот на 19-тиот и првата половина на 20-тиот век, денес е инструмент во рацете на српскиот официјален двор. И на патетичниот, нарцисоиден, со дијагноза на психички растроена подвоена личност „крал“ таму! На кој му прават официјални пречеци на годишнините од Зебрњак или од Брегалничката битка. Но тоа е веќе тема за поширока елаборација и стручна медицинска анализа за кое треба повеќе време и простор од една обична колумна.

Ќе се извлечеме ли од српско-рускиот свет!?

Да се сосредоточиме на актуелниов даден политички миг и моментум, кој го пропуштаме. Јас навистина не знам, ниту ме интересира дали лидерот на опозицијата е навистина луд ( психијатриски), пијан или дрогиран, или двете заедно, но човекот е навистина нетокму ако мисли дека со противењето на Американците за  изгласување на уставните измени има светла животна или политичка иднина.

Примерот од неговиот претходник, кој е избеган  како најголема птичка под кошула и кукавица на бреговите на реката  Дунав, во Будимпешта.  може да му послужи како своевиден егземплар што го чека, ако оди против  нив. Во најмала рака. Да не се стигне до паднати авиони крај Мостар. Бог да  чува. И да не даде!

Но тоа е реалноста, и тоа се состојбите за секој кој се обидел да оди против интересите на тие кои од своите даночни  обврзници  истуриле стотици милиони евра во капацитетите на нашите институции на системот, надевајќи се дека ќе ги направат модерни, функционални и европски. За „нашиве“ да ги направат криминални, корумпирани, со српско-руска засмрденост на тотално распаѓање и крахирање.

Е, не иде тоа така!


Специјално за Новатв.мк. Текстот е личен став на Авторот.  

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.