Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атанасоски, автор на „Руски рулет за Мицкоски“ објавена во Новатв: Одредени медиуми и личности, со гнасни инсинуации и хистеризација, погрешно ја протолкуваа и пренесоа мојата колумна

0
By Xhabir Deralla on December 25, 2023 СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 25, 2023 22:23

Tокму од вмровски центри на моќ, влијателни медиуми и новинари се изнаслушавме дека „Американците се тие што го убија нашиот претседател“, што секако е надвор од реалноста, непоткрепено со никакви релевантни докази!

Почитувани,

За да се запази интегритетот и дигнитетот на медиумот во кој е напишана колумната „Руски рулет за Мицкоски“, која – со гнасни инсинуации и непотребна хистеризација – одредени медиуми и личности погрешно ја протолкуваа и пренесоа, должен сум да го дадам следново објаснување:

Мојата колумна е напишана во метафорички и слободен стил, како одговор на политиките на лидерот на опозицијата во однос на кочењето на македонските евроинтеграции. Во изминатите дваесет години, практично, од трагичната погибија на поранешниот претседател, Борис Трајковски, токму од вмровски центри на моќ, влијателни медиуми и новинари се изнаслушавме дека „Американците се тие што го убија нашиот претседател“, што секако е надвор од реалноста, непоткрепено со никакви релевантни докази.

Понатаму, истите структури, блиски до оваа политичка партија, инсинуираат дека војната во 2001 година ја „наместија Американците со што ги вадеа потоа терористите на УЧК од Арачиново“, за на крајот, истите тие да инсинуираат дека шарената револуција е спонзорирана од Американците и дека поранешниот премиер Зоран Заев ги добил „бомбите токму од нив да го сруши Груевски“.

Од тие причини, со тотално лирична хипербола, поставив хипотеза: ако толку се моќни Американците кај нас, согласно нивниот диоптер, зошто тие сметаат дека со нивната антиамериканска политика на високите интереси на САД кај нас, не би мислеле дека може да им се случи нешто такво „лошо“.

На лидерот на опозицијата, професор доктор Христијан Мицкоски му посакувам многу здравје, долг живот и успешна политичка кариера, како прв македонски политичар кој ја „поразил“ таа „штетна“ американска политика во Македонија.

Со почит,

Благојче Атанасоски


Текстот е личен став на Авторот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.