Author: Zoran Ivanov
Пентагон денеска соопшти дека воени претставници од САД и од повеќе европски земји разработуваат сценарија за Украина кои ќе бидат претставени на советниците за национална безбедност.
Турција денеска официјално го укина бродскиот сообраќај со Израел.
Тирана: Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур во северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос. Тоа е прва ваква статуа во Албанија.
Вашингтон: Педесет и осум проценти од Американците веруваат дека сите земји-членки на ОН треба да ја признаат Палестина како независна држава, покажа анкета на Ројтерс/Ипсос.
Русија објави дека украински авиони „Ф-16“ извршиле воздушен напад во Курската област.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски реагираше на синоќешниот инцидент, кога воен дрон се урна во источна Полска, а министерот за одбрана тврди дека станува збор за дрон од руско потекло.
Најмалку 69 илјади Бугари на возраст од 15 до 64 години користеле хероин во 2024 година. Ова го објави Министерството за внатрешни работи (МВР) на Бугарија на „Фејсбук“ повикувајќи се на податоци од Националното истражување SOVA 5, објавено кон крајот на мај од Националниот фокусен центар за дроги и зависност од дрога.
Лондон: Британските претставници велат дека британските сили би можеле да бидат распоредени во Украина за логистика и за заштита на воздушниот простор и пристаништата, но не во операции што би ги довеле во директен конфликт со руските сили.
Пакетот што се подготвува се состои од неколку фази. Првата фаза, според изворите, би вклучувала зајакнување на украинската армија преку обука и засилување. Овие сили потоа би биле поддржани од мултинационална група составена главно од европски трупи, при што Велика Британија и Франција се подготвени да испратат стотици свои трупи. Тие би биле стационирани во Украина, но подалеку од линиите на фронтот.
Белград: Лојалистите на Александар Вучиќ и на Српската напредна странка најавија собири за вечерва на речиси 50 локации во државата. Протести ќе се одржат во бројни градови и општини, од Војводина до централна Србија.
Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
