Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните

0
By Zoran Ivanov on August 20, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 20, 2025 18:11

Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Смета ли Мицкоски навистина дека граѓаните не гледаат што се случува?

Дека ќе поверуваат дека нема корупција, додека институциите се претвораат во партиски испостави?

Дека ќе поверуваат во реформи, додека најважните ветувања од програмата останаа на хартија?

Владата нема со што да се пофали, па сега преку лажна помпа се обидуваат да го деморализираат нардот да ги казни на изборите.

Попусто се обидува Мицкоски да создаде илузија на поддршка која одамна ја нема.

Вистината е болна за ВМРО-ДПМНЕ, по само една година владеење, народот е разочаран, ветените промени не постојат, а секојдневието на граѓаните е сè потешко.

Гледаме институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница и молк за сите скандали кои ги тресат институциите.

Во ваква состојба, Мицкоски може да повторува колку сака дека нема корупција и дека владата функционира стабилно, но народот не живее во наративот на премиерот, туку во реалноста што ја создаде неговата неспособна влада. И таа реалност е сурова.

Изјавите на Мицкоски не се израз на сила, туку одраз на паника. Паника поради изгубената доверба, растечкото незадоволство и се појасната порака од граѓаните, ова не е промената што ја очекуваа.

 

ДПМНЕ Мицкоски СДСМ страв
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.