Author: Zoran Ivanov
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека ненадејниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“ и дека операцијата ќе трае со денови.
Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа убиени неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници.
Израел денеска објави дека извршил напади врз Иран, еден ден пред разговорите меѓу Техеран и САД во Оман за нуклеарната програма на Иран.
Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во денешниот израелски напад била погодена главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз во централниот дел на земјата.
Генералот Хосеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад, објавија повеќе ирански државни медиуми.
Групата на седум водечки демократски економии (Г7) нема да усвои сеопфатна заедничка декларација на претстојниот самит во Канада, кој ќе биде прв со учество на американскиот претседател Доналд Трамп по неговото враќање на функцијата, изјавија денеска германски владини извори, а јавува ДПА.
Од 5 часот утрово, новинарите во Грција започнаа нов 24-часовен штрајк што е втор во период од една седмица, а земјата и денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина.
Едно лице го преживеале падот на Боинг 787 Дримлајнер, кој се урна кратко по полетувањето во индиската држава Гуџарат порано денеска.
Ако Орбан има интерес овде, нека инвестира самиот во пругата, а да му ја дадеме ние ПОД КОНЦЕСИЈА за период од три или четири децении. Ако не сака Орбан, нека инвестира Британија, Кина, Србија или кој и да е друг заинтересиран, СОПСТВЕНИ средства и нека ја користи, а не да се задолжуваат македонските граѓани во нерентабилен проект.
Германија во моментов не размислува да испорача ракети „Таурус“, со долг дострел во Украина, кои се способни да погодат цели на растојание до 500 километри, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на брифингот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон.
Одлуката на професорот Ѓоко да се замонаши и како Георгиј да ѝ служи на Црквата е негов личен избор и никој нема право да му суди, да го цени или оценува неговиот подвиг. Но, напредувањето во монашката хиерархија е процес подложен на оценки на јавноста, бидејќи едно е да се биде монах во својата монашка ќелија, а сосема друго е да се биде митрополит од чии одлуки понекогаш е засегнато целото (црковно) општество.