Author: Zoran Ivanov
Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова, го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка.
Повеќе од 50 македонски интернет медиуми одлучија да ги напуштат агрегаторите на вести, како „Тајм.мк“ откако вчера на средба зазедоа заеднички став дека добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите, за преземање содржини без надомест, се неприфатливи. Потписниците на овој став и тие што подоцна се придружија бараат да бидат отстранети од агрегирање од денеска, 21. мај.
Јована Тренчевска: Стратешки договор со Велика Британија ни се претставува како нешто што државата до сега го нема видено! ТОЧНО! Нит сме се задолжиле со 6 милијарди евра до сега нит мигранти сме примиле! Ако се додаде таа една милијарда од Унгарија доаѓаме до 7 милијарди евра задолжување. Резултати 0! За граѓаните! За поединци 100% добивка! Цената за овој “стратешки договор” ќе ја плаќаме сите ние! Како што го плаќаме и Унгарскиот кредит. Кај ни оди државата? Кај се запустивме? Ама од власта само убави мелодии слушаме. Ренесанса за Македонија! Тоа што идните генерации ќе го плаќат апажлукот на оваа…
Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм.
Владата на САД очекува Русија да ги презентира своите услови за постигнување прекин на огнот во Украина, што ќе помогне подобро да се разбере ставот на Москва, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трам се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава Си-ен-ен.
За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак.
Варшава: Полските власти поднесоа обвинение против Павел К., кој наводно планирал да им помогне на руските разузнавачки служби во подготовката на обид за атентат врз претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопштија денес тамошнитѕе обвинители.
Белград: Српскиот претседател Александар Вучиќ ја поддржа идејата на претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, членовите и активистите на таа партија да ја блокираат зградата на Апелацискиот суд во Нови Сад се додека, како што изјави, не се ослободат четворицата млади лица обвинети за напад врз студенти пред просториите на таа партија во Нови Сад.
Разговори за меморандум и „можен иден“ мир тешко можат да претставуваат цврста основа врз која брзо би се изградил траен договор.
Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на Европската Унија ќе се состанат денес во Брисел, а на состаноците ќе се дискутира за конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и одбранбените капацитети на Унијата.