Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Не слушнавме демант дали Мицкоски вадел бугарски пасош

0
By Zoran Ivanov on July 19, 2025 ПОЛИТИКА, УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 19, 2025 21:45

Андреј Жерновски: “Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека Андреј Жерновски е домашен предавник”.

Озбилно?

Ајде вака, веднаш да ви понудам еден чесен предлог:

Не чекајте. На страна клеветата за која заслуживте тужба. Објавете барем еден доказ или документ дека јас соработувам со некакви тајни странски служби и јас во наредните 5 минути ќе се повлечам од политиката, ќе им се извинам на граѓаните и на членовите на моето семејство и сам ќе се предадам на органите за прогон. Немам друго државјанство, ниту сум аплицирал за друг пасош (на пример, за бугарски), што значи дека процедурата ќе биде прилично едноставна. Во ред? Ајде, чекам.

А сега, да се вратиме на вашите наивни, прилично аматерски и веќе крајно провидни обиди за дефокусирање на јавноста од аферите и проблемите во кои сте до гуша.

Прво, кој таму кај вас одлучил прес конференцијата да ја одржи Миле Лефков?!? Од сите, ги избравте баш единствениот пратеник во македонскиот парламент кој е од Кочани, а кој се појавува секаде, само не во Кочани! Од што и од кого се плаши Лефков? Зошто бега од неговите сограѓани?

Како е можно да донесете одлука токму тој да одржи прес конференција кога се наоѓате во екот на морбидната афера во која родителите на трагично загинатите велат дека Мицкоски побарал од нив да си ја одредат цената за нивните деца.

Во било која друга земја, по вакво обвинување, премиерот си дава оставка веднаш! Не чека разни изгубени Милевци да го вадат од калта.

Второ. Ниту денеска на прес конференцијата НЕ СЛУШНАВМЕ ДЕМАНТ НА ВЕСТА ДЕКА МИЦКОСКИ, ПРЕД ДА СТАНЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР, ЗАПОЧНАЛ ПРОЦЕДУРА ЗА ВАДЕЊЕ БУГАРСКИ ПАСОШ!

Поминува и третиот ден, вие уште молчите. Зошто?

Трето. Дефокусирањето треба да ве спаси и од режимскиот проект кој ви го откри СДСМ, со кој преку скандалозниот предлог-закон на министерот Панче Тошковски, повторно ја претворате полицијата во партиска парамилиција на ВМРО-ДПМНЕ, за да послужи за политички прогон и заштита на криминалот.

Зарем сериозно мислите дека со вакви небулозни пресови ќе избегнете одговор и одговорност ?!?

Не ги потценувајте граѓаните. Тие мошне внимателно го следат и анализираат секој ваш чекор, особено затоа што во огромен број ви ја дадоа својата доверба.

Самите знаете колку ја оправдавте.

Извор: Фејсбук

Андреј Жерновски Бугарски лефков Мицкоски пасош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.