Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Вечер почнува EYOF 2025 – Европски младински олимписки фестивал со учество на 4.000 млади спортисти од повеќе европски држави

0
By Zoran Ivanov on July 20, 2025 ВЕСТИ, СПОРТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 20, 2025 09:48

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во 20:30 часот свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ 2025.

Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој сеодржува од од 20 до 26 јули).

Настанотј ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство.

Како дел од свеченото отворање, ќе се одржи голема парада на сите 49 спортски делегации, како и на Тимот на бегалци под покровителство на ЕОК, кој ќе добие заслужено внимание во духот на еднаквоста и инклузивноста. Илјадници млади спортисти, на возраст од 14 до 18 години, ќе продефилираат низ арената со знамињата на своите држави, носејќи ја со себе енергијата и надежта на новата европска генерација.

Публиката ќе има можност да ги проследи воведните обраќања, вклучително и на Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, кој ќе се обрати пред европската спортска јавност и ќе ја истакне важноста на ЕМОФ како платформа за развој на младинскиот спорт и за културна размена преку натпреварување, почитување и заедништво. Фестивалот потоа официјално ќе го отвори Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, со што ќе започне најзначајната спортска недела што досега се организирала во нашата земја.

Отворањето ќе биде збогатено со уникатен сценско-музички спектакл што ќе ја претстави македонската култура, звук и визуелна уметност. Некои од најпрепознатливите и најпопуларни македонски музички имиња ќе настапат на сцената, придружени од современа сценографија, мултимедија и перформанси инспирирани од олимписките вредности. Шоуто е внимателно осмислено за да го прикаже културното богатство на Македонија пред европската публика и да создаде атмосфера на единство, гордост и свеченост – вистински емотивен и незаборавен почеток на фестивалот.

Централно место во церемонијата ќе има изведбата во живо на официјалната химна на ЕМОФ Скопје 2025 – „Together We Shine“, композиција која веќе се препознава како симбол на заедништво, младешка енергија и олимписки дух. Оваа моќна музичка порака ќе ја изведат четири извонредни македонски изведувачи – Сара Мејс, Лара Иванова, Јанг Дади и Александар Тарабунов. Автор на музиката и текстот е реномираниот продуцент Роберт Билбилов. Химната е многу повеќе од песна – таа е повик до Европа, манифест на надеж, единство и младинска сила.

ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо. Натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет.

Се очекува учество на повеќе од 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости. Македонија ќе биде претставена од контингент од речиси 200 млади спортисти – рекорден број во историјата на нашето учество на ЕМОФ.

Покрај спортските натпревари, фестивалот ќе понуди и богата културна програма, фан-зони, едукативни работилници, интерактивни активности водени од Европските младински олимписки амбасадори, како и бројни појавувања на официјалната маскота – Шајни (Shiny).

Свеченото отворање на ЕМОФ Скопје 2025 е можност Македонија да се претстави како отворена, модерна и добро организирана европска земја. Настанот ќе се пренесува во живо на Македонската радио-телевизија (МРТ), а публиката низ цела Европа ќе може да го следи преку EOC TV. Организацискиот комитет ги повикува сите љубители на спортот да бидат дел од овој историски момент – било од трибините или од своите домови – и да учествуваат во најголемата спортска приказна што досега се случила во нашата земја.

Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 упатува искрена благодарност до општините Кисела Вода, Аеродром, Центар, Карпош, Гази Баба, Сарај и Куманово за нивната извонредна соработка, поддршка и логистичка помош во подготовката и реализацијата на овој престижен настан. Преку нивната посветеност и отвореност, овие локални заедници станаа неразделен дел од фестивалот, уште еднаш потврдувајќи дека успехот на големите проекти се гради заеднички – со тимски дух, визија и партнерство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.