Author: Zoran Ivanov
Американскиот Б-2 чини околу 2,1 милијарди долари, што го прави најскапиот воен авион некогаш изграден. Произведен од Нортроп Груман (NOC.N), бомбардерот, со својата најсовремена стелт технологија, го започна своето производство кон крајот на 1980-те. Само 21 се произведени Во извештаите се вели дека шест бомби – GBU-57A/B MOP ((Massive Ordnance Penetrator) – биле користени врз истражувачкиот центар Фордо во Иран. Стелт бомбардерите Б-2 Спирит на американските ВВС беа вклучени во нападите врз нуклеарните објекти на Иран. Три ирански нуклеарни објекти беа погодени во „многу успешен напад“, изјави претседателот Доналд Трамп, додавајќи дека крунскиот бисер на нуклеарната програма на Техеран, Фордо,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо. Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите авиони се враќаат безбедно“, додаде тој и им честиташе на „големите американски воини. Трамп ја заврши својата објава со зборовите: „Сега е време за мир“. Во друга објава на „Truth Social“, претседателот напиша:…
Иво Јанковски: Охрид не заслужува толку густа понуда на кич и турбо фолк во толку кус туристички бран од два месеци. Ако само тоа им го нудите, народот тоа ќе гледа и слуша. Освен фестивалот „Охридско лето“, сета останата понуда на комерцијални концерти со чест на исклучоци е намената за широки народни маси. Неопходно е да се даде можност на луѓето со поинаков, пософистициран вкус за музика и тие да уживаат повремено. Верувам дека во тој поглед ќе се променат работите на подобро. Охрид тоа го заслужува! Ова во разговор за Охридњуз го изјави Иво Јанкоски – директор на Фестивалот…
Бранко Тричковски: Полуинтелектуалецот е болесна општествена појава која обелоденува две работи: прво, дека културниот образец е потребно дополнување на националниот и политички образец и, второ, школата која се ограничува на давање на знаење, без паралелно воспитување на карактерот, не е во состојба да ја спречи појавата на таквиот општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.“
Силни експлозии се слушнаа вечерва во централниот и северниот дел на Техеран, јави Франс прес, на деветтиот ден од војната меѓу Иран и Израел.
Американските бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува своите постапки во врска со тензиите меѓу Израел и Иран, објавија Ројтерс и „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на веб-страници за следење на летовите во реално време.
Улиците на Кочани беа сведоци на марш за сеќавање и правда – марш што повеќе не беше тивок. Родителите, роднините и пријателите на трагично загинатите млади во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на улица, но овојпат молкот го заменија исвиркувања, знаци на гнев и пораки што одекнуваат гласно.
Техеран: Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации против пристапот на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, обвинувајќи го дека не ги исполнил своите обврски и непристрасност во врска со мирнодопските нуклеарни активности на Иран.
Ним не им значи ништо некаква нето сегашна вредност на проектот, индекс на профитабилност, внатрешна стапка на принос, барана стапка на поврат на инвестицијата … Дејан Трајковски За просечен жител на Македонија, кој живее во некаква планинска забит, кој се мачи да преживее собирајќи во шумата гранки за огрев и носејќи ги на магарето до својата трошна куќичка, Владата знае сé најдобро и се грижи за нив. Таа ноќе не спие бидејќи постојано работи, таа е патриотска бидејќи ќе го врати името, додека сите други се предавници кои и мислат лошо на Македонија. Бадијала е на такви луѓе да им…
Вкупно 70 лица беа убиени во израелските операции во Појасот Газа вчера, објави ДПА, повикувајќи се на медицински извори. Агенцијата соопшти дека бројките не можат да бидат независно потврдени.
