Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Украина работи на брзо развивање на дронови-пресретнувачи за да се спротивстави на роевите руски дронови кои во сè поголем број се спуштаат кон украинските градови во последните недели.
Неколку социјалдемократски членови на Бундестагот доставија протестно писмо до претседателот на Парламентот изразувајќи го своето негодување што на вработените во Бундестагот им е забрането официјално учество на Парадата на гордоста.
Тирана: Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.степени е регистриран ночќескка во пограничното епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје.
Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс.
Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, соопшти израелската војска, а сирените за предупредување повторно се огласија рано утрово во јужниот дел од земјата.
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.
Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој игра клучна улога во нуклеарната програма на Иран и е цел на израелските обиди да го онеспособат.
Ана Чупеска:Како СДСМ, наш апсолутен приоритет е да настапиме самостојно и силно на претстојните локални избори. Работиме на понуда со најдобрите можни кандидати – луѓе со интегритет, кредибилитет, професионално искуство и реална препознатливост во своите средини. Целта е да понудиме квалитетна и одржлива опција за граѓаните.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за командант на украинските копнени сили, објави Ројтерс.
