Author: Zoran Ivanov
Србија е кандидат за членство во ЕУ од 2012 година и како таква годишно од Брисел добива околу 300 милиони евра грантови и 1,5 милијарди евра претпристапни средства, но дека земјата остварува бавен напредок на европскиот пат.
Зеленски го разгледа прашањето со британскиот премиер и другите европски лидери минатата недела. Тој им кажа дека ситуациите во Газа и Украина се различни, додавајќи дека е подготвен да работи на тоа.
Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки улични борби. Ситуацијата ескалираше до тој степен што Покровск стана главен фокус на целиот фронт, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање вчера вечер, објави Укринформ.
Берзанските индекси на Волстрит достигнаа нови рекордни максимуми во понеделникот, бидејќи инвеститорите се надеваат на трговски договор меѓу САД и Кина и натамошно намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка.
Кога нема енергија нема прогрес, нема ниту иднина, со оваа аудио-визуелна порака во Македонската филхармонија почна 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14).
Унгарија се обидува да ги здружи силите со Чешка и Словачка со цел да формира блок на земји во рамките на Европската Унија кои се скептични кон понатамошната помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Кијив, пишува бриселско Политико. Балаж Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, чија десничарска популистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во Чешка, како и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Според него, целта е да се координираат ставовите пред…
Украина втора ноќ по ред ја нападна Москва со беспилотни летала,соопштија утринава руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Поетскиот вруток е неисцрпен извор низ чие корито тече неизгаслива вулканска маса. Зборувам за инспирацијата кога надоаѓа како цунами, макар што доста често се случува долго време поетот да затаи. Песната е здив на внатрешното, еден вид катарза или тивко прочистување во себеси. Тенка е границата меѓу свесното и несвесното, да не речам дека за поетот и нема граници. Ако во свеста е зборот, во подсвеста лежат сите ненапишани спомени и неискажани желби, кои го обликуваат уметничкиот израз. Се е тоа во една симбиоза, да се роди зборот како моќен спој меѓу пулсот на срцето и емотивната енергија, зашто не…
Оркестарот на Македонската филхармонија денеска ќе одржи концерт во „Златната сала“ на прочуената виенска концертна куќа „Музикферајн“, домот на Виенската филхармонија и сцена на која секоја година на 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот.
Руската нафтена компанија „Лукоил“ соопшти дека ќе започне со продажба на своите странски средства, откако САД минатата недела воведоа санкции против неа и против „Роснефт“. Одлуката предизвика загриженост и во регионот, вклучително и во Македонија, каде што „Лукоил“ поседува 40 бензински пумпи и еден нафтен склад.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг.
Берлин: Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) предложи учениците во училиштата систематски да се учат како да реагираат во кризни ситуации и во случај на војна. Тој планира да го презентира својот план во ноември на конференција на државните министри за внатрешни работи, а тој би вклучувал воведување на специјални двочасовни предавања.
