Author: Zoran Ivanov
Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната, кој би се темелел на задржување на постојните линии на фронтот, објави „Блумберг“.
Белград: Речиси сите големи малопродажни синџири планираат да затворат продавници низ Србија, што е директен ефект од економските мерки на претседателот Александар Вучиќ за ограничување на маржите. Се очекува отпуштање стотици луѓе, пишува весникот Време.
Рускиот претедател Владимир Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија на средба со Доналд Трамп.
Во однос на тоа како СДСМ може да се врати во игра, Бучковски смета дека е потребна длабока анализа: „Како би се вратил во игра и како би стигнал до 300.000 гласови – кои се неопходни да бидеш компетитивен со ВМРО-ДПМНЕ – е прашање на кое треба да се дадат посериозни одговори. Треба да се види каде е зголемувањето на гласовите, каде е потфрлувањето, што се случи во Скопје, во Битола, во Куманово, и дали беа направени погрешни проценки за дел од кандидатите.“
Дејан Трајковски: Тоа не се само пренатрупани контејнери, тоа се споменици на благодарноста што Скопјани ѝ ја изразуваат на старо-новата власт во градскиот совет, но и на мајтапењето на власта со своите граѓани. Кога ќе поминете покрај овие уметнички инсталации, треба да се потсетите до каде ве довела вербата во телевизиската пропаганда и партиските билборди.
„Мицковски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката нa град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата на седница донела заклучоци со кои се задолжуваат МВР и останатите надлежни институции веднаш да извршат вонреден надзор врз работењето на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена за отпадот во градот.
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.
Како може воопшто ВМРО ДПМНЕ да сака да победи и да владее со Кочани? Како може да посака да ги владее оние и онаму каде и кога се во врска со злосторството, со трагедијата на палежот е поврзано со нивните инсталации и актери: објектот во кој нивните елити славеле и се состанувале со години; агенцијата за обезбедување која требала да го обезбедува објектот; раководење со полицијата и нејзината небрежност, полицајците сега обвинети за нечинење; историјата на корупција која му овозможила на таков објект да функционира воопшто?
Белград: Мурал посветен на Новак Ѓоковиќ, што се наоѓа во центарот на Белград, е прекриен ноќеска со црна боја. Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон.
Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“.
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври.
