Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Е сега, изгубен министре, да ти каже нешто чичко Стевче

0
By Zoran Ivanov on July 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 27, 2025 22:25

Прашај ги Сараевчани колку пари потрошија за Зимските Олимписките Игри. Го изградија ли за тие потреби и „Холидеј Ин“? Беше ли на чело на одборот Бранко Микулиќ, кому една од референците за потоа да стане претседател на Владата на Југославија му беше и успешната организација на олимпијадата во Сараево? Да зборувам ли за универзијадата во Загреб? За Универзијадата во Белград?

 Стевчо Јакимовски

Еве што кажува министерот за спорт за светската брука на овој Младински Олимписки фестивал. Цитирам: „Ние само помагаме, не сме организатори, туку организатори се МОК и Град Скопје. Се што беше побарано од нас како Влада и министерство, во однос на логистика и финансиска поддршка го исполнивме во целост“.

И замислете, кажува дека ставиле на располагање дел од студентските капацитети за сместување во Скопје и им дале милион евра, но не кажува дека Олимпскиот комитет за сместување на спортистите во студентските домови си платил. Значи, не било бесплатно.

Е сега, изгубен министре да ти каженешто чичко Стевче. Скопје и Република Македонија беа организатори на шаховската олимпијада 1972 година. Тогашните македонски власти за таа цел го изградија хотел Континентал, Саемот, Олимписко село и хотелот во Олимписко село.

За твоја информација, претседател на Влада, тогаш беше еден мнооогу сериозен човек, д-р Ксенте Богоев. За разлика од вас залутаните, Ксенте беше и гувернер на Народна Банка на Југославија и претседател на МАНУ. На Олимпијадата дојдоа најголемите светски шахисти Боби Фишер, Борис Спаски, Анатолиј Карпов, Михаил Таљ, Јан Тиман, Полугаевски, Велимировиќ, Матановиќ, Глигориќ… Значи светскиот шаховски врв. Ова само кажува колку сериозни луѓе пред педесет и кусур години ни ја воделе државата. Ни го обелиле образот.

И сега пак да ти каже чичко Стевче:

Општина Карпош беше организатор на „Карпош Опен“ и како добри организатори ни го доделија Европскиот шаховски шампионат. По успешната организација на ова натпреварување, каде дојдоа најдобрите европски шахисти, од страна на претседателот на Европската шаховска федерација ни беше понудено Македонија и Скопје повторно да се кандидира за Светската шаховска олимпијада 2012 година. За ова го запознав и тогашниот премиер Никола Груевски. Значи, педесет години потоа, ни понудија Скопје повторно да биде организатор на така голем светски настан.

За жал, Вие сте изгубени. Зарем вие очекувавте дека Македонскиот олимписки комитет  има толкав капацитет сето ова да го организира сам?

Понатаму, се фалиш дека сте дале милион евра… Значи важно, ти си дал пари, ама исто така и ти кажуваш кој ќе ги дава услугите и каде ќе се трошат парите?

Те  прашувам јавно, дали овие пари ги префрли на Македонскиот олимписки комитет или на некој друг? Значи вие, како вицот, „Им давам на кокошките секое сабајле по пет банки, па секоја си купува за јадење тоа што сака“. Ги фрливте парите на ваши пријатели, доживеавте фијаско и сега нормално вие не сте криви.

Сериозни луѓе вака прават: Покрај меѓународниот олимписки комитет, се прави организационен одбор на чие чело застанува или претседателот на државата, или претседателот на Владата.

Во тој одбор, покрај министри членови од владата, мора да биде градоначалникот на Скопје, градоначалниците од градот Скопје и Куманово, директори на Јавни претпријатија. И државата и градот да се спремат за оваа работа најмалку година дена однапред. Да имавте тронка мозок, сите спортски сали каде што се одржуваа натпреварите ќе ги климатизиравте. Ќе ги климатизиравте и студентските домови. Бидејќи ти не си учествувал на олимпијада, ти не знаеш, државата домаќин вложува огромни средства, во олимписки села, спортски објекти, сместувачки капацитети..

Прашај ги Хрватите што се направија за Медитеранските игри во Сплит и колку пари потрошија.

Прашај ги Сараевчани колку пари потрошија за Зимските Олимписките Игри. Го изградија ли за тие потреби и „Холидеј Ин“? Беше ли на чело на одборот Бранко Микулиќ, кому една од референците за потоа да стане претседател на Владата на Југославија му беше и успешната организација на олимпијадата во Сараево?

Да зборувам ли за универзијадата во Загреб?

За Универзијадата во Белград? Отиди на Нов Белград и пред трговскиот центар Делта, погледни го комплексот нови бели згради. Сите тие беа сместувачки капацитети изградени за универзијадата.

Но, што да се прави, Македонија одамна нема сериозни луѓе, како Благој Попов, Драгољуб Ставрев, д-р Ксенте Богоев, и како Киро Глигоров. Тогаш со државата владееја личности со академски звања, со животни резултати, а денес на чело ни се наоѓаат луѓе со просек од средно со 2.00 и тоа со поправани оценки на совет, со купени дипломи… Ни егзистираат пратеници, министри, директори на јавни претпријатија, државни секретари, државни советници и затоа фијаското на секој чекор ќе биде нашето секојдневие.

Македонија на неколку пати положи сериозен испит и покажа дека е држава:  Погребот на Борис Трајковски, величенствено организиран. Супер купот во фудбал каде на градски стадион се сретнаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Величенствена организација. Честитки за тогашниот претседател Илчо Георгиевски. Трет пат покажавме дека сме држава во Диво Насеље со енергичната акција.

Таман кога ќе речеме, го пројдовме рубиконот, ќе не биде, ќе ни дојдат залутани луѓе на власт,  качени на крилата на четирите свети букви на ВМРО, секој ден ќе шират лаги и ароганција, за ништо  нема да бидат одговорни, а телевизорите и  социјалните мрежи ќе бидат полни со нивните самофалби. И сосема за на крај, министре Ристовски, спомнуваш дека покрај МОК, организатор бил и Град Скопје.

Не знаеш што се случува со вашиот Град Скопје? Со Вашите јавни претпријатија? Или се правиш наудрен. Знаејќи дека еден од организаторите е Град Скопје, исполнет со вашите опструкции, тоа значи дека однапред сте знаеле дека ќе  доживееме дебакл. Кога веќе знаете како функционира вашиот Град Скопје, зошто не ги впрегнавте градоначалниците? Зошто ја косите џунглата на Кале една недела подоцна, откако пукна срамот? Зошто не се среди барем трасата по која одеа учесниците и претседателот на државата при отворањето на оваа олимпијада? На што ви личеа улиците тротоарите, зеленилото, и целиот приод кон салата Јане Сандански? Бруката не е на Меѓународен Олимписки комитет. Бруката е на сите нас. Ние треба да му заблагодариме на Македонскиот олимпски комитет што успеал да донесе вака значајно спортско натпреварување , ама веројатно кутрите тие не знаеле дека зад нив не стои сериозна влада, туку сеирџии  кои кога ќе се случи нешто лошо се вадат како минус пред заграда и убеден сум за ова ќе бараат одговорност не кај себе, туку кај МОК и целава оваа операција е направена во насока да оди на промена на раководството на МОК и инсталирање на нивни „спортски кадри“.

Господине Ристовски ќе кажете ли нешто дека во организацијата беа вклучени и спортските федерации? Одговорете колку претседатели и раководства насилно променивте само оваа година?  Еве што направија вашите големи спортски работници. И ова е резултатот од вашата желба со се да владеете, дури и со спортот.

Ако случајно, добиевме пофалби за организирањето на овој Младински олимписки фестивал ќе потрчавте на сите медиуми со пресови, со изјави… ќе ве гледавме во „Тема на денот“ како кажувате дека вие сте заслужни. Како што вели премиерот, ќе добиевте петка. Очигледно добивте чиста единица. За ова одговорност мора да има. Кога паѓаат авиони, судираат возови, оставки си поднесуваат министри за транспорт, кога доживуваме дебакл на ваков значаен светски настан, каде се соборуваат рекорди , господине Борко Ристовски, чесно е да си ја преземеш одговорноста и да си поднесеш оставка. Толку од твоето разбирање на спортот и битисување во министерската фотеља за која не си достоен.

Ми текна уште една работа. Никаква пи-ар кампања пред натпреварите. Никаков пи-ар, никакви пресови. Eве зошто овој настан бил на маргините на медиумскиот интерес.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

клумна Стевчо Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.