Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И ЕУ „легна“ пред Треамп / Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот 

0
By Zoran Ivanov on July 27, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 27, 2025 23:15

Договорот што го постигнавме со САД создава сигурност во овие неизвесни времиња и обезбедува стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисите од двете страни на Атлантикот, изјави вечерва претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во шкотското место Трнбери, на која беше постигнат трговски договор со што се избегнува воведување на царини од 30 отсто за европскиот извор во САД.

Ова е договор меѓу двете најголеми економии во светот. Нашата трговска размена е 1,7 трилиони американски долари годишно. Заедно сме пазар од 800 милиони луѓе и ние претставуваме речиси 44 отсто од глобалниот БДП, рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека само неколку недели по Самитот на НАТО, на кој беше постигнат договор за поголеми инвестиции во одбраната, денешната спогодба претставува втор столб што го потврдува трансатлантското партнерство.

Преговорите беа многу тешки, бидејќи почнавме од многу далечни позиции. Беше тешко, но мораше напорно да работиме за да дојдеме до заеднички став и до самиот крај. Беше тешко, но на крајот бевме успешни. Добро е и задоволни сме, додаде Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека станува збор за договорна рамка чии детали треба да се прецизираат во текот на наредните недели.

Навистина завршивме добра работа, имаме договор за следните години, кој е многу добар, додаде Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК соопшти дека со договорот се утврдува единствена царинска стапка од 15 отсто за поголемиот дека од извозот на ЕУ во САД, вклучително и за автомобилите, полупроводниците и фармацевтските производи.

Се согласивме и за нула-за-нула царини за голем број стратешки производи. Ова ги вклучува сите делови за авиони, одредени хемиски и генерички производи, полупроводничка опрема, одредени земјоделски производи, природни ресурси и клучни суровини. Ќе продолжиме да работиме на додавање повеќе производи на оваа листа, истакна Фон дер Лајен.

Во однос на челикот и алуминиумот, таа нагласи дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички надворешен предизвик на глобална презаситеност на пазарот и ќе работат заеднички за обезбедување фер глобална конкуренција. Со цел да се намалат бариерите, а со тоа и царините, според Фон дер Лајен, ќе се воспостави систем на квоти.

Исто така, ќе ја зголемиме нашата енергетска соработка. Купувањето на американски енергетски производи ќе ги диверзифицира нашите извори на снабдување и ќе придонесе за енергетската безбедност на Европа, рече Фон дер Лајен.

Во тој дел е договорен увоз на американски енергенси во износ од по 250 милијарди евра годишно во период од три години, што ќе и овозможи на ЕУ замена на увозот на руски гас и нафта.

Сакаме апсолутно да се ослободиме од руските фосилни горива и затоа е добредојдено да се купуваат поприфатливи и подобри горива од САД. Нашата проценка е дека можеме да постигнеме увоз од 250 милијарди годишно во текот на три години, додаде Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека кога се говори за 15 отсто царина, не треба да се заборави дека доколку не се постигнеше овој договор од 1 август европските компании ќе се соочеа со царинска стапка од 30 проценти за извоз на американскиот пазар.

Секако 15 проценти претставува предизвик за некои компании, но не треба да заборавиме дека го задржавме пристапот до американскиот пазар и она што го правиме интензивно е да се етаблираме во други региони во светот и да отвориме нови потенцијални пазари за европските бизниси, рече Фон дер Лајен, посочувајќи ги како пример Индонезија, земјите од МЕРКУСОР, Мексико и Индија, со која се преговара за трговски договор.

Таа додаде дека договорот со САД обезбедува пристап на европските компании до најголемиот извозен пазар на Европа, а во исто време ќе им овозможи подобар пристап на американските производи на пазарот на ЕУ.

Ова ќе им користи на европските потрошувачи и ќе ги направи нашите бизниси поконкурентни. Овој договор обезбедува рамка од која дополнително ќе ги намалиме царините за повеќе производи, ќе се справиме со нецаринските бариери и ќе соработуваме за економска безбедност. Кога ЕУ и САД работат заедно како партнери, придобивките се видливи за двете страни, додаде Фон дер Лајен.

Таа им се заблагодари на Трамп за неговата „лична посветеност и неговото лидерство за постигнување на овој напредок“, како и на еврокомесарот за трговија Марош Шефчович и на неговиот тим, кои, како што рече, „го завршија поголемиот дел од тешката работа“.

Сакам да им се заблагодарам и на нашите земји членки за нивната доверба и нивната посветеност. Нашето единство е нашата сила, дома и во странство. Ќе продолжиме напорно да работиме за доброто на сите Европејци, додаде Фон дер Лајен.

 

дер лајен ЕУ САД Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.