Author: Zoran Ivanov
Руската армија започна комбиниран напад врз градот Суми, гаѓајќи нестанбени зони, како резултат на што беше нарушено снабдувањето со електрична енергија и вода, објави началникот на Регионалната воена администрација, Олег Григоров, пренесе Укринформ.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата со буџетот е алармантна и оти до крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.
Венко Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука!
Вчера во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание
Атина: По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8 отсто. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА.
Американскиот претставник во НАТО, Метју Витакер, изјави дека очекува големи најави од европските сојузници за финансирање на купувањето оружје за Украина преку програмата „ПУРЛ“, која овозможува Кијив да набавува оружје од САД со европски средства.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска попладне, во 15:45 часот, ќе ја пречека Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Венко Филипче: Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата.
Денес рф (Руската Федерација) изврши напад врз конвој на ОН со животозначајна хуманитарна помош во Херсонската област, објави на социјалната мрежа X, украинската амбасадорка во земјава (Северна Македонија), Н. Е. Лариса Дир.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е најбогата со донации, барем ако се гледаат првите 10 денови од кампањата за локалните избори. Вкупно 1.270 донатори собрале 423.000 евра или во просек секој дал по 333 евра за кандидатите за градоначалници и советничките листи на партијата да се промовираат пред јавноста.
