Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Две лица загинаа, а најмалку 14 се повредени кога руски дрон се урна во висока станбена зграда во украинскиот град Одеса на Црното Море, соопштија властите во вторник.
Досега Путин ги отфрли обидите на претседателот Трамп, кој го зголеми интензитетот на своите напади врз украинските цивили. Автор на интервјуто: Драган Мишев ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и единството на Алијансата во претстојниот период. Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Едвард…
Денеска, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на жртвите, како симболична почит кон починатите и поддршка за побрзо заздравување на повредените.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера се сретна со жителите на Маџир маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кадешто секое пладне, Герасимовски заедно со тимот од општинската администрација, разговара со граѓаните на терен, директно во нивните маала.
За денеска кога Србија празнува Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот.
Потребна е нова стратегија за стабилност – сојузништвата се клучот. Иако членството во НАТО е заокружена стратешка цел, Македонија мора да го одржи темпото на усогласување со безбедносните и политички текови во ЕУ. Геополитичката реалност бара вложување, јасна позиција и силни сојузништва.
Важно! Кога јавниот долг расте побрзо од БДП (во случајот со пругата долгот за 5 години ќе порасне за 1,7 милијарди евра, а БДП ќе порасне само за 330 милиони евра), а мултипликаторот на државното трошење е под 1 (во примерот со едно „вртење“ е 0,167, а со бесконечно многу „вртења“ 0,208, како што ќе видиме подолу), секоја нова инвестиција финансирана со задолжување е уште еден чекор кон презадолжување и економска стагнација, наместо кон раст.
Белград: Српската држава многупати се соочуваше со ултиматуми од странски големи сили. И овојпат, странските сили ни испратија ултиматум преку домашни послушници. Одговорот на српската држава беше секогаш ист… Ултиматумот не е прифатен, не мора да чекате до 21 часот утре“, рече Вучиќ.
Авторка на интервјуто: Ана Костиученко, УКРИНФОРМ Дерала: Би ја посетувал Украина многу почесто – дури и би живеел таму – да не беа моите обврски во Северна Македонија и на Балканот, вклучувајќи ја и работата поврзана со Украина. Го посетив Кијив двапати во 2023 година.
Петровска потенцира дека не се остварија очекувањата или „предвидувањата“ на некои скептици кои пред неколку месеци „предвидуваа“ крај на Алијансата. НАТО не се распаѓа – напротив, станува посилна и пообединета.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи призна дека иранските нуклеарни постројки претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните американски и израелски напади.
Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) потврди дека Русија систематски користи хемиско оружје против вооружените сили на Украина. Според податоците од Генералштабот на Украина, објавени од Ukrinform, 888 случаи на руска употреба на хемиски агенси на бојното поле се регистрирани само во мај 2025 година.