Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
До ЈСП, ако прочитате за случкава. Дај бре луѓе кажете им на шоферите да застануваат барем по 10 секунди на станица. Барем сега кога е лето автобусите не се закочени во сообраќај, градот е полу-празен и НЕ му одзема време на шоферот да застане, да погледне, да се качи некој што е отиден под сенка. Што е толку тешко, а?
Брисел: Во Брисел денеска ќе се одржи 23-та Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Црна Гора во чии рамки времено ќе бидат затворени преговорите по Поглавјето 5 – „Јавни набавки“.
Објавувањето војна на Украина би имало и меѓународни последици, смета Џејми Ши. И покрај повеќе од еден милион жртви, ноќни ракетни напади и напади со беспилотни летала врз украинските градови и бројни воени злосторства, еден факт останува непроменет – Русија сè уште официјално не ѝ објавила војна на Украина. Кога ја започна тоталната инвазија во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин го опиша она што го сметаше за брза операција и заземање на Киев како „специјална воена операција“. Речиси три и пол години подоцна, Кремљ сè уште се држи до тој термин – води војна, но не ја нарекува…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици.
Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави денес Укринформ.
Сѐ додека го имаме Францускиот предлог, ние сме безбедни, рече вечерва Бојан Маричиќ поранешен Прв Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања во интервју за телевизијата Канал 5 .
Во Димона, со околу 43.000 жители, луѓето зборуваат за Центарот за нуклеарни истражувања само скришно. Кодното име е: „текстилната фабрика“. Израелската нуклеарна програма е јавна тајна. Еден од нејзините центри e нуклеарниот реактор Димона, во срцето на пустината Негев. Сепак, во блискиот град официјално не се зборува за тоа.
Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во врска со Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26. јуни.
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт Александар Николоски упати прашање дали наредил или спровел надзор во врска со законитоста на работењето на општина Чаир во областа на урбанистичкото планирање, изведувањето на градби, бесправно изградените објекти, комуналните работи и домувањето.
Украина и Русија денеска спроведоа нова размена на воени заробеници, во рамки на договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец.