Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицајците на протест за поддршка на нивните колеги кои се под истрага за „Пулс“

0
By Zoran Ivanov on October 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 12, 2025 15:39

Први за осуда – Последни за почит. Со оваа парола Независниот синдикат на полицијата изрази револт кон обвинителството за третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Порачаа дека бараат правда за сите жртви, за нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразуваат поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата. Не се противат на истрагата против полициските службеници, туку бараат истрагата да биде јавна и транспарентна.

Барем еден распит на полициските службеници да биде јавно објавен да видите каков третман има обвинителството кон нас. Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, верувајте дека ќе заглави по затвори, изјави Мартин Ефремов, претседател на незвисен синдикат на полицијата.

Полицајците симболично ги оставија нивните легитимации со цел да укажат како што рекоа дека им е смачено да чекаат кој следен од нив ќе биде уапсен. Од утре најавија дека започнуваат со поднесување на кривични пријави против обвинители и судиите.

Воедно бараме обвинителството итно да постапи и да излезе да види зошто Државната комисија за одлучување во управна постапка по втор степен не постапува по приговорите кои што ги поднесовме за решенијата за мирување на нашите колеги за кои што нема никаква пресумција на невиност. Дел од нив се уште немаат ни обвинение, меѓутоа повеќе од 6 месеци се оставени без плата, без придонеси, без никакво право на егзистенција. Можеби подобро ќе беше тие луѓе да ги ставеа во притвор, барем ќе имаше што да јадат и да пијат вака се оставени сами на себе, додаде Ефремов.

Изразија поддршка и за нивните колеги против кои се води дисциплинската постапка по убиството на велешанката Росица Коцева и нејзиниот татко, бидејќи и во тој случај прва на удар била полицијата, иако била поднесена кривична пријава за убиецот.

Собирот започна пред основното јавно обвинителство,  продолжи кај црквата Богородица каде запалија свеќи за жртвите од пожарот во „Пулс“и заврши пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

полициски протест пулс Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.