Author: Zoran Ivanov
Сузана Јошевска Анастасовска: „Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ ,не беа предмет на ова обвинение,“
Италијанската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата светски првак, откако попладнево ја совлада Бугарија со 3-1 (21, 17, -17, 10) во финалето на мундијалскиот турнир на Филипините, пред 15.862 гледачи во Пасај сити.
Веќе неколку дена јавноста е сведок на најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја, афера која целосно ги разголе маските на ДУИ и Али Ахмети. Нивниот молк е најгласното признание. Пред цела Македонија се обелоденија непобитни докази за криминалната и антиалбанска спрега: Мијалков – Ахмети – Вучиќ, се вели во соопштението од Коалицијата ВРЕДИ од прес-конференцијата на Беким Фазлиу.
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска заедно со кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски и претседателот на партијата Венко Филипче на првиот ден од кампањата за Локалните избори го посетија депото во Општина Центар, каде што се возилата со кои се собира сметот во оваа општина. Шукова истакна дека граѓаните треба да се потсетат оти четири години ВМРО ДПМНЕ управуваше со градот Скопје и со Комунална хигиена. Таа истакна дека како резултат нивното препукување со актуелната градоначалничка Данела Арсовска доведе до хаос и трупање на смет во градот Скопје.
Хелсинки: Иранската државна телевизија изврши цензура на снимки од министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, и нејзината шведска колешка, Марија Малмер Стенергард, замаглувајќи ги нивните голи колена за време на извештај од дипломатски средби на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Бранко Тричковски:Точката четири од програмата на типот кој најави дека прво ќе стане човек па потоа градоначалник, демек “Враќање на културниот идентитет на Скопје” значи дека “Скопје 2014” ќе биде темелно ревидиран, односно делумно демонтиран, делумно преобликуван, делумно функционално преформулиран. Особено што во програмата се најавени странски урбанистички и архитектонски експерти кои на културниот идентитет, што Орце ќе го враќа, ќе треба да му дадат европски шмек.
Изет Меџити: Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори.
Украинските сили опколиле неколку руски воени единици во близина на градот Добропиља во регионот Донецк, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, како што објави Киев Индепендент.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември 2025 година.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека изминатиот период актуелната власт направила се за да ги заштити своите функционери за да не бидат опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што починаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор на обвинителниот акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени.
„Орлите воскреснаа! Референдумот започна, време е на народот“, поракача лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопјеи го најави учеството на партијата на локалните избори.
