Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ – Центар за слобода: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 30, 2025 17:42

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на неодамнешната одлука на Министерството за внатрешни работи да предложи измени во Законот за оружје со кој им се дозволува на цивилните сопственици на огнено оружје да купуваат муниција без претходно одобрение, туку директно од овластените правни субјекти, односно продавачи на оружје и муниција.

Ова сериозно ја поткопува јавната безбедност и го нарушува меѓународниот углед на Северна Македонија.

Последици по јавната безбедност

  1. Отворање дополнителни можности за нелегалната трговија

Западен Балкан веќе служи како главен извор на шверц на мало оружје и муниција во Европа. Отстранувањето на одобрението што го издава МВР за набавка на муниција, драматично го зголемува ризикот од пренасочување на легалната муниција кон криминални мрежи.

  1. Јакнење на мрежите на организираниот криминал и терористичките мрежи

Организираните криминални мрежи што работат низ Северна Македонија и соседните земји и онака се зајакнуваат поради неконзистентноста и пропустите во контролата на оружјето во целост. Либерализираниот пристап значи дека повеќе уште муниција ќе влезе во оптек без трага, што ја прави погодна за злоупотреба. Либерализацијата што ја предлага МВР, односно министерот Панче Тошковски, претставува отстапување од Протоколот на Канцеларијата за дрога и криминал при ОН (UNODC Firearms Protocol). Оваа постапка ќе придонесе и кон јакнење на терористичките мрежи кои во ова ќе видам можност за создавање залихи од муниција.

  1. Преоптоварување на капацитетите за спроведување истраги

И покрај тоа што МВР на Северна Македонија доби опрема финансирана од ЕУ за истраги на местата на злосторството и на огненото оружје, релевантните оддели при Министерството веќе се соочуваат со сериозен притисок. Новата политика што ја предлага министерот Тошковски, само дополнително ќе го оптовари системот, затоа што ќе се појават проектили чија трага ќе биде многу потешко да се следи, а со тоа и сторителите на кривични дела со оружје ќе бидат помалку достапни на органите на прогонот.

  1. Ослабување на механизмите за контрола и проверка

Механизмите за контрола и проверка, кои веќе се предмет на критика и намалена јавна доверба, како и предизвиците поврзани со корупцијата, дополнително ќе бидат

ослабени со либерализацијата на набавката на муниција за лицата што легално поседуваат оружје.

Дипломатски и меѓународни последици

  1. Директно спротивставување на нормите усогласени во и со ЕУ

Како кандидат за членство во ЕУ, Северна Македонија е обврзана да ги спроведува обврските утврдени во Регионалниот патоказ за контрола на мало и лесно оружје (SALW Roadmap) – иницијатива што ја води УНДП/SEESAC во координација со земјите-кандидати и ЕУ. Овој патоказ има цел да воспоставуви законодавство за контрола на оружјето и муницијата, целосно усогласено со рамката на ЕУ и меѓународните стандарди до 2023 година, како и значително намалување на нелегалниот проток и ризикот од диверзија на муниција до 2024 година.

  1. Правни обврски за увоз

Иако домашната продажба не е директно регулирана според глобалниот Договор за трговија со оружје (ATT), Северна Македонија останува обврзана да го регулира целиот увоз на муниција според рамките определени со ATT. Оваа дерегулација од страна на власта испраќа сигнали и до домашните и до меѓународните партнери дека земјата излегува од меѓународните рамки за контрола на оружјето.

  1. Нарушен имиџ во процесот на ЕУ интеграцијата

Потег што се смета за слабеење на контролата на оружјето сериозно ќе ја наруши довербата на ЕУ во нашата земја.

ЦИВИЛ, како организација со 25-годишна традиција во јавното застапување на строгата контрола на оружјето, членка на IANSA и Control Arms од самите почетоци, апелира итно да се повлечат предложените измени. Оваа одлука ја загрозува безбедноста на граѓаните, ги охрабрува криминалните актери и испраќа опасен сигнал до регионалните и европските засегнати страни.

Наместо дерегулација, земјата треба да усвои:

  • Задолжително претходно овластување за секоја набавка на муниција од страна на цивилни лица
  • Ригорозно евидентирање и следење
  • Осовременување на системот преку автоматизирани механизми за следење и проценка на ризикот од пренасочување на оружјето и муницијата.

Таквите мерки не само што ги штитат граѓаните, туку и ја зацврстуваат евроинтеграцијата и кредибилитетот на земјата.

 

 

либерализација Муниција протест реакција Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.