Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Русија ќе биде подготвена да ѝ предаде на Украина нацрт-документ за решавање на кризата штом ќе заврши размената на затвореници според формулата „илјада за илјада, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Свети Методиј, како што не бил турански Бугарин, така, најверојатно, не бил ниту етнички Грк, но историчарите се согласуваат дека бил византиски поданик (Ромеј), и дека неговата мисија во словенските земји почнала како византиска мисија, заради византиските политичко-стратешки цели. Главната задача што требало Методиј да ја изврши како владар на „словенското кнежевство“ во полза на византискиот дворец, била да ги зајакне византиските позиции во североисточна Македонија којашто станала цел на зачестените бугарски напади и заземања, а исто така, да ги придобие Словените на своја страна за да може да му парира на Бугарско-германскиот сојуз. Слободан Иванов Сесловенските просветители родум од…
Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.
Врнко Филипче: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж. Само што го потпишале договорот и веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки. Сè е тоа една голема лага. Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи.
Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.
Хамбург: Седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад во Хамбург кога 39-годшина Германка со нож се нафрлила врз луѓето кои чекале на главната железничка станица, јави ДПА.
Најмалку осум лица се повредени изминатата ноќ во комбинираниот руски напад врз украинскиот главен град со ракети и беспилотни летала, соопшти градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.
Хамбург: Германската полиција вечерва соопшти дека во нападот со нож на главната железничка станица во северниот град Хамбург, кој го изврши жена, се повредени најмалку 17 луѓе.
Белград: Припадници на српското Министерството за внатрешни работи и на Управата за гранична полиција попладнево пронашле импровизиран камп на мигранти во близина на хрватската граница, при што мигрантите ги нападнале полицајците со огнено оружје, а во престрелката еден мигрант е убиен, јавија српските медиуми.
Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји.
Протест „Да ги одбраниме универзитетите“, организиран од студентите во блокада , иницијативата „Обединето образование на Србија“ и „Бунтовен универзитет“, почна попладнево пред Владата на Србија во Белград. На протестот се бара распишување вонредни парламентарни избори во државата, укинување на владината уредба „5/35“ за промена на структурата на работата на факултетите, распуштање на работната група за изготвување на новиот Закон за високо образование, напуштање на комерцијализацијата и ваучеризацијата на образованието.
Двесте седумдесет војници и 120 цивили се вратени во Русија како дел од договорот за размена постигнат со Украина во Истанбул, објави руското Министерство за одбрана. 270 воени заробеници и 120 цивили беа предадени на Киев како дел од размената, се додава во соопштението.