Published: Friday, August 5, 2016 11:32
На аеродром североисточно од Милано, карго авион за време на слетувањето ја промашил пистата и слетал на локален пат. Нема повредени при несреќата.
Авионот “ДХЛ 737-400“ полетал од францускиот аеродром „Шарл де Гол“ а во него биле пилот и копилот.
Инцидентот се случил во раните утрински часови.




