Aвион од типот „Ербас“ на компанијата „Ер Канада“ рано утрово излетал од пистата за време на слетувањето на аеродромот во канадскиот град Халифакс, пренесуваат светските медиуми.
Во несреќата нема загинати, но 25 патиници биле веднаш префрлени во болница поради мали повреди. Никој од нив не бил во животна опасност.
Во авионот имало 132 патници и пет членови на екипажот. Ербасот на „Ер Канада“ летал од Торонто, а на аеродромот во Халифакс слетал кратко по полноќ. Според привчните информации, авионот удрил во електричен столб.
„Авионот лошо слета“, изјавил портпаролот на аеродромот во Халифакс, Питер Спарвеј, пренесува „ХРТ“.
Аеродромот во Халифакс веднаш бил затворен. Во моментот на несреќата, како што пренесуваат медиумите, паѓал снег и видливоста била значително намалена.




