Published: Wednesday, February 24, 2016 19:58
Во падот на патнички авион во централен Непал денеска загинаа сите 20 патници, меѓу кои и три деца, и тројцата членови на екипажот, соопшти непалската полиција. Авионот се урнал во планина во централниот дел од државата и нема преживеани, а причината за падот на авионот се уште не е позната.
Авионот на компанијата „Tara Air“ летал од покраина Покхара кон Џомсон. Се урнал во планинската област во Мјагди, соопштил претставникот на аеродромот од кој полетал малиот авион, Дипак Баран.
На истата авионска линија се случи уште една несреќа во мај 2012 година, кога загинаа 15 луѓе. Во друга авионска несреќа во истата област во мај 2013 година, пак, загинаа 21 лице.




