Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ: ВМРО ДПМНЕ со најмногу реклами во медиумите во вториот круг

0
By Нова ТВ on November 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во вториот круг од изборната кампања за локалните избори, најголем обем платено политичко рекламирање е регистрирано за Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, околу 26 часа, по по следуваат Коалицијата предводена од СДСМ  со околу 11 часа), Беса, околу пет  часа, и ДУИ околу четири часа, покажува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиусмки услуги (АВМУ).

Од телевизиите опфатени со мониторингот, најмногу реклами се емитувани на ТВ Нова (речиси 12 часа) и на ТВ Сител и ТВ Алсат-М (по околу 5 часа).

Радиодифузерите опфатени со мониторингот во вториот круг од локалните избори, кампањата ја покривале со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до програмите на учесниците во изборите.

Во последните десет дена од изборната кампања прекршување на барањето за непристрасно покривање на изборите е констатирано кај ТВ Алфа и ТВ Нова. Кај нив, стои во соопштението, во вкупната програма се констатира пристрасност во корист на ставовите и реакциите на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во законски утврдениот рок Агенцијата ќе поднесе барања за поведување прекршочни постапки пред надлежен суд.

Според АВМУ, мониторингот на изборното медиумско претставување во вестите на програмските сервиси на Македонската радиотелевизија, во вториот круг од изборите, уште еднаш докажа дека одредбата од Изборниот законик за тоа како да се подели времето во дневно-информативните емисии е несоодветна за новинарско известување на јавен сервис.

Мониторингот покажал и дека Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал ги исполнија обврските и во вториот круг од изборната кампања за локалните избори да овозможат бесплатно политичко претставување на учесниците во изборите. Можноста за бесплатно претставување ја искористиле само кандидатите за градоначалници од коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

АВМУ локални избори 2017 рекламирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.